СДСМ на терен: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени - Канал 5

СДСМ на терен: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени

Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште?

СДСМ на терен: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР.

Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје.

И што најдовме тука? Апсолутно ништо!

Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата.

Како е регистрирана оваа фирма?

Дали фирмата има фиктивно седиште?

Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори.

Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи?

Ова не е обичен тендерски скандал.

Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер.

Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Епл“ коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници, соопшти денеска Царинската управа.

Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

За случајот е поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост и е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари.

Од Царината информираат дека изминатите денови се сузбиени повеќе случаи на криминални активности. Мобилен скенер на Табановце при контрола на товарно моторно возило запленил над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во државата.

Исто така, патничко комбе натоварено со специјално дизајниран и изработен разладувач наменет за македонска фирма, чиј испраќач е фирма од Србија поминал на граничен премин без да ја пријави стоката и за неа да плати царински давачки. Истото е стопирано на патниот правец Куманово - Скопје од мобилен царински тим од којшто е спречен во намерата. Против сторителот е поведена соодветна постапка, а стоката е запленета.

Информираат и дека мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на влез во државата на граничен премин Табановце кај четворица патници, македонски државјани, открил вкупно 60 илјади евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење вратени им се по 10 илјади евра, а останатите вкупно 20 илјади евра се запленети.

Во текот на изминатата една година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги откриле и спречија 275 обиди за криминални активности, или за повеќе од двојно споредбено со годината претходно кога имало евиденција за 118 заплени.

Шакшука

Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера.

Шакшука

Состојки:

Маслиново масло

4 до 6 јајца

1 чешне лук, ситно сечкан

1 главица кромид, тенко исечена

2 црвени пиперки, тенко исечени

1 кг домати, исечкани на коцки

1 лута пиперка, ситно исечкана

Неколку гранчиња магдонос (само листовите)

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура.

Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат.

Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат.

Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и забиберете по вкус.

Намалете ја температурата и гответе 10–15 минути додека сосот се згусне.

Со лажица направете вдлабнатини во сосот и внимателно скршете ги јајцата во нив.

Покријте ја тавата и гответе 5–8 минути, или додека белките се стегнат, а жолчките останат течни.

Посипете со свеж магдонос и веднаш сервирајте.

Совет: Најдобро се комбинира со леб или пита, за да не пропуштите ниту капка од вкусниот сос.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги.

притисни ентер