Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
2Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
МакедонијаСДСМ: На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕОчаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност.Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Македонија, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за заштита. За да се обезбеди цврста основа за оправување на доброто, изработен е Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Овој план ја идентификуваше екстремната ранливост на доброто, основните причини за таквата ранливост како неусогласеност на регулативите и недостигот на имплементација на постоечките програми и присуството на активни закани. Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство, изработи нов предлог на закон за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како и нацрт Закон за заштита на културното наследство и Предлог Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Овие законски рамки имаа за цел да ги зајакнат институционалните капацитети и третманот на наследството. Овие закони се повлечени. Во владина постапка беа и новиот Закон за рибарство и аквакултура со посебен осврт на заштитените подрачја, Предлог Законот за прогласување на Студенчишкото блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата и Нацрт законот за Охридското Езеро за споменик на природата. Овие мерки беа насочени кон суштинска заштита на екосистемот на Охридското Езеро. И овие закони беа повлечени. Во завршна фаза беше и изработката на Физибилити студија за изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион, со цел севкупна и долгорочна заштита на брегот на Охридското Езеро. Оваа студија, заедно со новата ажурирана геодетска подлога изработена од Агенцијата за катастар на недвижности, беше клучна за системско урбанистичко планирање. ЈУ Национален парк Галичица, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија, отпочна со креирање ортофото мозаик на теренот преку кој ќе ги детектира сите бесправно изградени објекти со користење на дрон и снимање во низок лет. Оваа активност имаше за цел брза идентификација на нелегалните градби. Комисијата за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, која од своето формирање во 2018 година активно работи на усогласување на целокупната урбанистичко-планска документација на општините Охрид, Струга и Дебарца со Планот за управување, во периодот јануари 2023 – јануари 2024 година, разгледа и даде мислења за вкупно 137 барања за измена и дополна или носење на нова урбанистичко-планска документација. За урбанистичка документација чија реализација може негативно да влијае на исклучителната универзална вредност на регионот, задолжително се спроведуваше и Стратегиска оцена за влијание врз наследството. Важно е да се напомене дека граѓанските организации беа присутни на седниците на Комисијата, што имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста. Агенцијата за планирање на просторот на РСМ отпочна постапки за изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас на Охридскиот регион. Со донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион во 2020 година, сите измени и донесувањето на Урбанистичките планови во општините Охрид, Струга и Дебарца се со согласност со насоките дадени во Планот за управување, а одобрени со мислење од Комисијата за управување како механизам кој врши соодветна контрола на урбанистичкото планирање во регионот. Во однос на проектот за пренасочување на реката Сатеска, кој се спроведува од страна на канцеларијата на УНДП во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во текот на 2023 година беше завршена санацијата на разделната градба, целосно чистење на речното корито и изградба на таложниците. Се предвидуваат и други неопходни активности како пошумување и спречување на ерозија. Во однос на железничкиот коридор VIII, Европската Комисија донесе одлука целиот железнички Коридор VIII, вклучувајќи ја и делницата Кичево – Лин, да биде дел од клучната мрежа, со што оваа делница исполнува предуслови да биде финансирана од европски грантови. За делницата Струга – Граница со Република Албанија ќе се изработи нова Студија на изводливост и алтернативна траса со цел да се исполнат препораките што УНЕСКО ги има дадено. ЈП Колекторски систем – Скопје во текот на 2023 година инсталираше фреквентна регулација на шест пумпни станици, со што е овозможена автоматска регулација на работењето на пумпите согласно нивото на фекалната вода. Во целост е отстранета појавата на преливи, а со тоа и влез на фекални води во Охридското Езеро. ЈНУ Хидробиолошки завод успешно ги реализира сезонските мониторинг кампањи за увид во состојбата со природното наследство во Охридското Езеро. Во текот на 2023 година беше пресметан процент на влијанието на реките (Сатеска, Коселска и Вељгошка) врз квалитетот на водата од литералната зона на Охридското Езеро, а набави и софистициран апарат за одредување на концентрации на жива. Заводот, во соработка со меѓународната фондација HEALTHYSEAS, организираше и спроведе пилот проект за детекција и отстранување на напуштени, изгубени или на друг начин оставени риболовни алат од Охридското Езеро, при што беа отстранети вкупно 64 „мрежи духови“. Дополнително, дури и по цена на сопствениот политички рејтинг, Градоначалникот од редовите на СДСМ Костадин Георгиевски влезе во бескомпромисна борба со отстранување на дивите платформи во Охридското Езеро. Но веќе по локалните избори 2021 година, воден од личниот интерес, негрижа и гол популизам, новоизбраниот градоначалник Пецаков дозволи обновување на овие платформи, дури и нивно проширување, што е во директна спротивност со препораките на УНЕСКО. Прес-конференција, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГвардиола одмора во Дубаи и гледа кошаркаЕден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига. Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес. Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години. На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа. Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение. Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter