МакедонијаСДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце ДелчевДелегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Делчев.Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев. Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден. Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев. Скопје, 04.02.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ обвинува дека владата подготвува терен за прифаќање на европскиот предлогДипломатските разговори „под радарот“ за деблокада на евроинтеграциите нов повод за политичка кавга. Повикувајќи се на информации од Брисел, опозициската СДСМ тврди дека власта води тајни преговори и подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, а за тоа велат сега се прави и стратегија како да соопштат пред јавноста. Според секретарот за меѓународна соработка на партијата Андреј Жерновски, ова било пресврт во дипломатијата и доказ дека СДСМ донела правилни одлуки кога од позиција на власт одлучуваа за европскиот пат на Македонија. -Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство,- Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ. МНР демантира- велат СДСМ пласира груби невистини и конструкции. Објаснуваат дека не се работи за тајни преговори туку комуникација на повеќе нивоа за која јавноста е во тек. Потенцираат дека се е транспарентно без отстапки од црвените линии, и ги критикуваат опозиционерите дека се додворуваат на соседни политичари наместо да ги бранат интересите на сопствената држава. -Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста. Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена. Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада,- Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и во последното интервју за МИА кажа дека доколку се споделуваат деталите, разговорите се осудуваат на неуспех. Тој уверува дека се работи на трајно и одржливо решение, а не решение по секоја цена. Се барало начин како да се елиминира ризикот од нови блокади во иднина и „статус кво“ поради идентитетски прашања. Муцунски оцени дека е добро тоа што европските институции повторно давале значење на проширувањето, а сите актуелни нон пејпери вели имаат заедничка цел- постепена интеграција без откажување од крајната цел, полноправно членство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Влада набави вода за Гостивар за 100 илјади евра преку итна постапка без огласОколу 100 илјади евра потрошила Владата преку Службата за општи и заеднички работи за набавка на вода за пиење за населението во Гостивар. Шише вода од 1,5 литри ,кое во малопродажба се продава за околу 25 денари, преку набавката било обезбедено за 12,5 денари. Договорот со компанијата „Кожувчанка“ е склучен по постапка со преговарање без претходно објавување оглас, со образложение дека станува збор за крајна итност поради кризата со водоснабдувањето. -Точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“ .Компанијата учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината,- Влада. Од компанијата дополнително појаснуваат дека разликата меѓу редовната продажна цена и понудената цена од 12,5 денари ја преземаат на свој товар, како општествено одговорен придонес. Велат дека водата ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, со цел навремена помош за граѓаните. Соопштенијата на Владата и на компанијата Кожувчанка дојдоа како демант на претходните обвувања од СДСМ за можен судир на интереси поради изборот на компанијата и начинот на кој е спроведена постапката, посочувајќи дека според достапните информации компанијата е во сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ ја користи кризата со водата во Гостивар за добивање политички поени. -И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100 илјади евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис,- Симона Цветановски – СДСМ. -Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДС и Филипче треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце,- Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, водата во Гостивар и натаму е само за техничка употреба и не е безбедна за пиење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли се додека не се добијат три последователни исправни анализи со кои ќе се потврди исправноста на водата. Детали од истрагата засега не откриваат од ОЈО, со образложение дека се преземаат повеќе истражни дејствија кои не може да бидат споделени во интерес на постапката. За тоа како општината се справува со состојбата, недостапен на телефонските повици и пораки остана и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЛоша хидролошка состојба во регионот - каква е енергетската стабилност во земјава?Македонскиот електроенергетски систем е стабилен а ниските водостои во Европа во моментов не претставуваат ризик за домашното производство на електрична енергија – соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Соопштението следи откако во Европа се набљудуваат историски ниски водостои на големите реки како Дунав и Рајна, што предизвика кризни состојби во електроснабдувањето на земји како Унгарија, Романија и Франција. -Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем,- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Енергетскиот експерт Константин Димитров предупредува дека состојба на критичен недостиг на производство на енергија во земји од коишто ние увезуваме, може да предизвика рестриктивни мерки за штедење и кај нас. -Ако се јави проблем како сега, еве нема доволно енергија во државите како Романија, делумно Бугарија, Унгарија кои што имаат проблем, како и Франција и Хрватска.. - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Месец Производство на електрична енергија Процент од домашната потрошувачка МАЈ 2026 462.653 MWh 96,5 % - АД ЕСМ ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВО 2025 / 2026 ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИ ЗА 76 ПРОЦЕНТИ ОД ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ ЗА 10 ПРОЦЕНТИ Македонија е увозно-зависна а поголемиот дел од домашното производство на електрична енергија доаѓа од приватни постројки, што значи дека за енергетски суверентитет во кризни моменти како долги суши, од национална важност е инвестирањето во државни капацитети на производство и акумулациски системи на енергија, посочува Димитров. -Да се изградат акумулациите Чебрен и Галиште, да се изградат две акумулации на реката Вардар и да се размислува за некои трети помали системи што ќе складираат вода на определени мали зафати. // ЕСМ треба да има изградено сопствени сончеви и ветрени паркови и да ги изгради хидроцентралите и тогаш веќе може да се стабилизра, а за тоа треба време. А во меѓувреме да се изградат и когенеративни постројки на гас за да се издржи тој период, негде до 2040 година да се стабилизира и да кажеме дека Македонија и во тешки моменти може да се задоволи со домашното производство,- - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија. Поради долгата суша и топлотни бранови во Европа, производството на електрична енергија во неколку европски земји е значително намалено – нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени, додека пак австриските хидроцентрали работат со намален капацитет а некои од нив се целосно затворени. Во соседна Србија пак актуелни се апелите до граѓаните за штедење и рационално користење на енергијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter