Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСДСМ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновнитеВтор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците. Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој? Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела? Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен. Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува. Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа. Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм. Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност. Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага. Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара? А одговорност ќе има, кога-тогаш. Работата не е завршена. Сите ќе одговараат! Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Македонија„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во СкопјеПуштена во употреба новата когенеративна постројка.Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судирТатко и неговиот 17-годишен син загинаа во тешката сообраќајка што ноќеска се случила на локалниот пат Илинден–Миладиновци, кај базата Брест. Несреќата се случила околу 2 часот и 10 минути, кога се судриле „опел корса“, управуван од 19-годишник од Агино Село, и „хјундаи“, управуван од 51-годишен жител на Марино. На местото на несреќата починале возачот на „хјундаито“ и неговиот 17-годишен син а 17 годишната сопатничка со тешки повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Тешко се повредени и возачот на „опел корсата“, неговиот 19-годишен сопатник, На местото е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата. Ова не е првпат на локалниот пат Илинден–Миладиновци да има тешки сообраќајки. Во 2017 година на истиот пат загина 19-годишен возач, а во 2019 година едно лице беше тешко повредено. Последната трагедија кај базата Брест повторно го отвора прашањето за безбедноста на овој пат. Безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Илинден не е нов проблем. Уште во 2024 година од општината беше посочено дека е потребно поголемо полициско присуство поради состојбата во сообраќајот. По синожешната сообраќајка со смртни последици, надлежните треба да утврдат како дошло до директниот судир, а обдукцијата и истрагата треба да ги дадат одговорите за околностите под кои загинаа татко и неговиот 17-годишен син. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лицеНа 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter