МакедонијаСДСМ-Мицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за МакедонијаПосетата на премиерот Мицкоски во Давос ја откри целосната изолација што неговата политика ја доведе Македонија. Наместо разговори со европски и светски лидери, Мицкоски се сретна само со своите неколку партнери. Што не е никакво изненадување, особено откако неговиот најблизок соработник, вицепремиерот Иван Стоилковиќ славеше со „Ноќните волци“, про-руски групи познати по поддршката на Кремљ. Ова не е случајно, туку дел од поширок план за изолација на нашата земја од ЕУ, поттикнат од анти-ЕУ кампањата што ВМРО веќе некое време ја води, одбивајќи реформи и компромиси неопходни за европската интеграција, што ја загрозува иднината на следните генерации. СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во телекомуникацискиот сектор во нашата земја, кои откриваат ланец на влијание што се протега од Будимпешта преку Белград до Скопје. Одлуката на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да додели трета лиценца за мобилен оператор на унгарската компанија „4iG“, не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план што ја загрозува независноста на нашата држава и слободата на медиумите. Оваа компанија, која е единствениот понудувач на тендерот и која ќе плати 8 милиони евра за фреквенции, сега има право да изгради и управува со самостојна 5Г мрежа. Компанијата „4iG“ не е обичен играч на пазарот, таа е длабоко поврзана со унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес. Сопственикот и претседателот на „4iG“, Гелерт Јасаи, е близок сојузник на Орбан, а компанијата стана „национален шампион“ во Унгарија благодарение на масивната државна поддршка, вклучувајќи тајни инвестиции од над 189 милиони евра и олеснувања во регулаторните процедури. Орбан лично интервенираше во аквизициите на „4iG“, намалувајќи го влијанието на странските компании и зголемувајќи ја контролата врз информационите мрежи. Овој потег во Северна Македонија само го потврдува Орбановиот план да го прошири своето влијание на Балканот. Ова не е изненадување, имајќи предвид дека Христијан Мицкоски јавно изјави дека Орбан е негов близок пријател. Владата на Мицкоски во 2024 година го најави тендерот за трет оператор, а сега ги гледаме плодовите на таа „пријателска“ соработка. Оваа врска го објаснува и пошироката оска Орбан-Вучиќ-Мицкоски. Тоа е затворен круг што, покрај бизнисите во телекомуникациите и енергетиката, вклучува и контрола врз медиумите. Телекомуникациските компании се клучни бидејќи обезбедуваат инфраструктура за дистрибуција на медиумски содржини, манипулациии со информации и пропаганда. Во рацете на вакви актери, тие стануваат алатка за политичка доминација, особено во земји како нашата каде што медиумите веќе се под притисок. Еден од најјасните примери за ова медиумско влијание е Алфа ТВ, чиј мнозински сопственик е унгарскиот медиумски тајкун Петер Шац, близок сојузник и поддржувач на Фидес. Шац ја презеде контролата врз Алфа ТВ во 2017 година преку компанијата ЦХС Инвест Груп, и од тогаш оваа станица стана гласноговорник на ВМРО и поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна во Унгарија. Шац поседува и медиуми во Унгарија што служат за промоција на Фидес и Орбан, а во Македонија беше под истрага поради сомнителни реклами вредни 3,2 милиони евра. Ова е дел од поширокото ширење на медиумското влијание на Балканот, што вклучува и портали како Курир.мк, или Република.мк, сите во служба на десничарската агенда. Слично сценарио гледаме и во Србија, каде што Александар Вучиќ преку државниот телекомуникациски оператор „Телеком Србија“ презеде контрола врз бројни медиуми, вклучувајќи аквизиции на кабелски провајдери, ТВ станици како Прва и О2 (преку купување на Коперникус), и партнерства што доведоа до контрола врз таблоиди како Курир, кои сега служат за промоција на Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС). Овој модел, каде што државниот телеком се користи за купување и контрола на медиуми, претставува директна паралела на она што се случува во нашата земја и во Унгарија, затворајќи го кругот на авторитарна контрола врз информациите. СДСМ предупредува дека овој „затворен круг“ ја загрозува демократијата, економската независност и слободата на изразување во Северна Македонија. Повикваме на итна истрага околу тендерот за трет оператор, транспарентност во сопственоста на медиумите и заштита на националните интереси од странско влијание. Нема да дозволиме нашата земја да се претвори во сателит на авторитарни режими. Борбата за праведна и слободна Македонија продолжува! Скопје, 22.01.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook