СДСМ: Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум - Канал 5

СДСМ: Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум

Додека Христијан Мицкоски вчера се фалеше дека буџетот е во „одлична кондиција“ и дека имаме „најпристапни цени на горивата“, реалноста е сосема спротивна: цените скокнаа до плафон, фрижидерите и паричниците на граѓаните се празни.

СДСМ: Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум

Вчера истече рокот за исполнување на Реформската агенда.

Резултат? Ништо. Македонија целосно стои во место.

Сега истата оваа влада вели дека нема пари за плати а нема пари ниту за референдум на кој граѓаните ќе треба сами да одлучат за својата иднина.

Како може да нема пари за референдум, а да има за нови тендери, нов владин авион и луксузен живот на Мицкоски и неговите блиски?

Одговорот е јасен:

Мицкоски и неговата криминална група си обезбедиле бугарски ЕУ пасоши за себе, за своите семејства и своите деца. Тие веќе имаат Европа со нивните паосоши.

Граѓаните на Македонија и нивните деца немаат. Граѓаните чекаат по 10 часа на граница, додека тие патуваат на наш трошок и уживаат во луксуз.

Министерката за финансии нè повика „да ни објасни убаво“ дека буџетот е во одлична форма.

Прифативме веднаш - со камери и пред јавноста. Од тогаш – ни трага, ни глас од неа.

Единствено што слушнавме од неа е дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе била богата.

За сега, едно е сигурно - со оваа политика на Мицкоски, Македонија е на директен пат кон пропаст.

Нема иднина со Мицкоски.

Нема Европа со ВМРО.

Мицкоски лаже за сè – за името, за Преспанскиот договор, за НАТО, за македонскиот идентитет, за инвестициите, за буџетот и за реформите.

Распишете референдум веднаш!

Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат изолација и криминал или европска и просперитетна Македонија.

Реформи сега.

Европа сега.

Скопје, 02.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата.

Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија...

Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн.

Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал.

Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна.

НУМ Струшки вечери на поезијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка го отвора “Кривопаланечкото културно лето 2026“ со групата „Љубојна“ и повеќе од 60 настани ќе го одбележат летото 2026

Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настанi.

Крива Паланка го отвора “Кривопаланечкото културно лето 2026“ со  групата „Љубојна“ и повеќе од 60 настани ќе го одбележат летото 2026

На 24 јуни, Крива Паланка свечено ќе го означи почетокот на едно од најпрепознатливите културни случувања во државата – „Кривопаланечко културно лето 2026“, манифестација која и оваа година носи богата програма исполнета со музика, уметност, традиција и современо творештво.

Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настани: концерти, театарски претстави, изложби, фестивали, детски содржини, креативни работилници и традиционални манифестации кои ќе понудат незаборавни доживувања за сите генерации.

Свеченото отворање е закажано за 24 јуни со почеток во 20 часот на Летната сцена на Градскиот плоштад, каде публиката ќе ужива во концерт на македонската музичка атракција „Љубојна“. Препознатлива по автентичниот спој на македонската музичка традиција и современиот израз, групата ќе приреди вечер исполнета со емоции, силна сценска енергија и уникатно музичко доживување.

Со концертот на „Љубојна“ симболично започнува уште едно културно лето кое ќе ја претвори Крива Паланка во отворена сцена за уметност, креативност и културна размена.

„Со свеченото отворање започнува Кривопаланечкото културно лето 2026, манифестација која годинава носи повеќе од 60 настани и разновидни програми за сите генерации. Нашата визија е Крива Паланка континуирано да ја развиваме како град на културата, уметноста и заедништвото, град кој живее и создава во текот на целото лето“, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Низ годините, „Кривопаланечко културно лето“ израсна во силен културен бренд и препознатлив белег на градот, привлекувајќи уметници, културни работници и посетители од целата земја и регионот. Манифестацијата создава простор за нови идеи, инспиративни средби и моменти кои остануваат во колективната меморија.

Крива Паланка ги отвора вратите за уште едно лето исполнето со музика, уметност и незаборавни настани. Со огромно задоволство ги покануваме сите љубители на македонската музика, на 24 јуни да бидат дел од свеченото отворање и концертот на “Љубојна“ и заедно да го започнеме највозбудливото културно лето досега, на Градскиот Плоштад во Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септември

Лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен.

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септември

-ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници.

Димитрова посочи дека ИФФК „Браќа Манаки“ е мошне значаен за филмаџиите затоа што им дава можност да се сретнат, да комуницираат и да се запознаат со најголемите директори на камера на денешницата, како Дариус Конџи, Роџер Дикенс и многу други врвни кинематографери.

-Фестивалот на филмаџиите исто така им дава можност да ги претставиме нашите филмови пред светот, но и пред домашната јавност и сигурна сум дека и годинава ќе имаме значајни македонски филмови кои ќе бидат дел од селекцијата, истакна Димитрова и упати благодарност до Агенцијата за филм како најголем поддржувач на ИФФК „Браќа Манаки“ со чија поддршка се организира фестивал од светски размери.

Димитрија Доксевски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ рече дека 47.издание на фестивалот според бројките и статистиките до денес претставува најамбициозно издание досега.

-Среќен сум што достоинствено се доближуваме до 50. издание и што фестивалот расте од година во година и станува еден од најзначајните фестивали не само во регионот, туку и во светот. Во прилог на ова би сакал да посочам дека оскаровецот Воли Фистер кој минатата година беше наш лауреат, годинава се враќа повторно во Битола и ќе биде член на жирито, рече Доксевски.

Доксевски го соопшти лауреатот на наградата Златна камера 300- визуелниот гениј на Холивуд, Дан Лаустсен (Dan Laustsen).

-Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на љубителите на вистинскиот филмски спектакл. Лаустсен е дански директор на фотографија чија четиридецениска кариера остави длабок белег во современата светска кинематографија. Како активен член на Американската асоцијација на кинематографи (ASC) и Данската асоцијација на кинематографи (DFF), Лаустсен е препознатлив по својот специфичен визуелен јазик, кој успешно ги спојува европската уметничка сензибилност и холивудската техничка прецизност, информираше Доксевски.

Роден на 15 јуни 1954 година во Олборг, Данска, Лаустсен го започнува својот формален уметнички пат студирајќи модна фотографија. Набрзо го пренасочува својот интерес кон подвижните слики и дипломира на Националната филмска школа во Данска во 1979 година. Неговите рани ангажмани во скандинавската кинематографија му носат критичко признание и ја поставуваат основата за неговиот препознатлив стил - фокус на длабока атмосфера, висок констраст и стратешка употреба на светлината.

Глобалниот успех на Лаустсен во голема мера е резултат на неговите долгогодишни партнерства со истакнати холивудски автори, како: Гиљермо дел Торо и Чад Стахелски.

Соработката со Гиљермо дел Торо резултираше со некои од визуелно највпечатливите филмови на 21 век: „Обликот на водата“ (The Shape of Water, 2017), „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley, 2021) и „Франкенштајн“ (2025).

Во творештвото на Чад Стахелски, Лаустсен е визуелниот архитект на култната акциона франшиза „Џон Вик“ (John Wick), поточно на второто, третото и четвртото продолжение, каде ги редефинираше стандардите за снимање на комплексна акција и неонска естетика.

За својот исклучителен придонес, Лаустсен е повеќекратен добитник на меѓународни награди. Номиниран е за Оскар за филмовите „Обликот на водата“ и „Алејата на кошмарите“.

Неговата способност да ги трансформира наративите во уникатни визуелни искуства го позиционира меѓу највлијателните кинематографи на денешницата, а македонската публика и филмските професионалци ќе имаат ретка и ексклузивна можност да застанат очи в очи со легендата.

Во однос на програмата Доксевски рече дека годинава има рекордна бројка на пријавени филмови-повеќе од 600 филмови, што е првпат во историјата на фестивалот, како и работилници со студенти од земјава и странство со еминентен директор на фотографија од Белгија, но и со Марија Џиџева и Фејми Даут, работилница поврзана со програмата Еразмус итн.

Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски истакна дека со големо задоволство ја продолжуваат соработката со ИФФК „Браќа Манаки“.

-Годинава фестивалот доби зголемена поддршка од Агенцијата за филм во износ од 12 милиони денари, за разлика од минатата година кога поддршката изнесуваше 9. милиони денари. Агенцијата за филм верува во брендот што го изгради Друштвото на филмски работници заедно со сите директори на фестивалот на „Браќа Манаки“. Секако голем успех е што фестивалот доби награда од Британската асоцијација на кинематографери во Англија каде членуваат голем број од светските кинематографери кои доаѓаат и го следат нашиот фестивал, рече Мицевски и посочи дека како Агенција за филм се гордеат со ИФФК „Браќа Манаки“, кој е исклучителен бренд што ги обединува Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници, Кинотека и Град Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер