СДСМ: Мицкоски тврдеше „нема поскапувања“, а горивата повторно поскапуваат – уште една лага - Канал 5

СДСМ: Мицкоски тврдеше „нема поскапувања“, а горивата повторно поскапуваат – уште една лага

Христијан Мицкоски  тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага.

СДСМ: Мицкоски тврдеше „нема поскапувања“, а горивата повторно поскапуваат – уште една лага

Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови.

Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ден на ден. Граѓаните се оставени сами со празни фрижидери и празни џебови.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ:

-одбиваат да го укинат ДДВ на храна, и да го намалат ДДВ на горивата на 5%,

-одбиваат да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните,

-одбиваат да ја зголемат минималната плата,

-продолжуваат да ги задолжуваат граѓаните, од почетокот на годината има 700 милиони евра нов долг само за три месеци,

Економијата оди надолу, странските инвестиции паднаа за 60%, се случуваат масовни отпуштања на работници од индустријата.

Потрошувачката кошница за една година поскапе за околу 4.000 денари, а владата продолжува да зборува дека „буџетот е во одлична кондиција“.

Два месеца СДСМ бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Владата молчи.

Прашањето е сосема логично:

Дали ова е целосен дилетантизам или намерно се оставаат цените да растат затоа што некој на оваа криза убаво заработува?

Мицкоски може да продолжи да раскажува бајки за „третата економија во Европа“.

Граѓаните секој ден ја гледаат реалноста во празниот фрижидер, празните паричници и во сè поскапите сметки.

СДСМ повторно бара:

• итно замрзнување на цените на основните прехранбени производи,

• укинување на ДДВ на храна, намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизите,

• реална помош за загрозените семејства, пензионерите и земјоделците.

• мерки за зачувување на работните места.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Скопје, 05.05.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер