СДСМ: Мицкоски со криминалци - Канал 5

СДСМ: Мицкоски со криминалци

Денеска МВР соопшти дека пет лица се уапсени во Брвеница при што е најдена дрога, оружје и поголема количина пари.

СДСМ: Мицкоски со криминалци

Меѓу уапсените е и С.З, познат како Симе, криминалец, близок до ВМРО.

Дали е случајно што токму премиерот Христијан Мицкоски има слика со него?

Криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, криминал со ИПАРД програмата, сега и тешки криминалци. Прво корупција сега и чист криминал.

Сигурно Мицкоски ќе каже дека било случајно и дека не се познаваат.

Ништо не е случајно.

Какви релации има Мицкоски со овие криминалци?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

При пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата.

Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев.

Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)

Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.

Дејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)

На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожари

Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожари

Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации.

Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер