СДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијата - Канал 5

СДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијата

Како што кажавме, снемува пари - следуваат избори.

СДСМ: Мицкоски сака предвремени избори, но нема алиби од опозицијата

Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика.

Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ.

Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“.

Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел - де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија.

Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“.

Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат.

Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие.

Ќе видиме кој од таканаречената опозиција, од сателитите на ВМРО, ќе биде искористен за да го повика на предвремени избори.

Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат.

Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати а снемува и пари.

Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика.

Но граѓаните не се наивни, знаат сè.

Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори.

Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери.

Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата.

Тоа е прашањето.

Со негласање, самите се казнуваат и на тендер коалицијата ѝ овозможуваат уште четири години грабеж на нивните пари.

Кога Мицкоски ќе ги распише избори, граѓаните не смеат да останат дома.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Се води битка за селото Крушевица, 20 тина километри е долга линијата на огнот

Огнот што опустоши делови од селото Чаниште, мариовско, кој беше локализиран попладнево повторно се разгоре и сега линијата на огнот е долга околу 20 километри и тоа од течението на реката Црна до врвот Маргаро.

Ангелов: Се води битка за селото Крушевица, 20 тина километри е долга линијата на огнот

Од Чаниште огнот се шири кон селото Крушевица, кое е на неколку километри оддалечен од огнот, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Прилеп, вклучени се и локалните жители, кои си го бранат селото. Ќе претстои битка со огнот во текот на целата ноќ.

Во Чаниште не е изгорена ниедна куќа, каде што живееле жители, кои се вратија во своите домови по стресот што го преживеаја. Постои можност да изгорела и некоја куќа, што била викендичка и каде повремено се престојувало, рече Ангелов.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците сакаат да копаат длабоко во Тихиот Океан

Министерството за внатрешни работи на САД во понеделник предложи продажба на концесии за длабокоморско рударство во водите околу Северните Маријански Острови.

Американците сакаат да копаат длабоко во Тихиот Океан

Предлогот е дел од поширока иницијатива на администрацијата на претседателот Доналд Трамп насочена кон обезбедување домашни резерви на клучни минерали, објавува Ројтерс.

Детали за предложената аукција

Администрацијата за морски минерали (MMA) предлага да се стави на аукција околу 271.000 квадратни километри од морското дно источно и западно од територијата на САД во Тихиот Океан. Аукцијата е закажана да се одржи на 16 декември во Калифорнија, а концесиите ќе бидат доделени преку процес на јавно наддавање.

Концесиите би им дале право на компаниите да истражуваат и потенцијално да експлоатираат наоѓалишта на клучни минерали, кои се користат во производството на батерии, електроника и одбранбени технологии.

Вршителот на должноста директор на MMA, Мет Џакона, објасни во соопштение дека предлогот има за цел да обезбеди пристап на Соединетите Американски Држави до минерали кои се критични за синџирите на снабдување, производството и националната безбедност.

Ставот на локалните власти

Во известувањето на MMA за предложената продажба се вели дека службениците ќе ги разгледаат коментарите од гувернерот на Северните Маријански Острови пред да донесат конечна одлука.

Портпаролот на гувернерот Дејвид Апатанг не беше веднаш достапен за коментар. Во јануари, Апатанг испрати писмо до администрацијата во кое рече дека не е против, но не го поддржува, рударството на морското дно. Тој објасни дека за да се заземе став, потребни се дополнителни информации за влијанието врз животната средина.

Пошироката стратегија на администрацијата

Минатиот месец, администрацијата на Трамп, исто така, предложи давање под закуп на повеќе од 125.000 квадратни километри морско дно во близина на Американска Самоа. Овие потези се дел од поширока стратегија за намалување на зависноста на САД од увозот на клучни минерали.

Поделени мислења

Еколошките здруженија се спротивставуваат на длабокото рударство. Тие тврдат дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања за неговите последици врз морските екосистеми. Од друга страна, поддржувачите на проектот истакнуваат дека рударството би обезбедило нови извори на минерали потребни за електрични возила, електроника и воена опрема.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млечниот пат „проголтал“ цела галаксија пред 11,8 милијарди години, тоа ја сменило вселенската историја

Млечниот пат „проголтал“ џуџеста галаксија пред околу 11,8 милијарди години, според новото истражување објавено во списанието Nature Astronomy.

Млечниот пат „проголтал“ цела галаксија пред 11,8 милијарди години, тоа ја сменило вселенската историја

Научниците ги проучувале ѕвездените јата во областа што се протега на внатрешните 20.000 светлосни години од Млечниот Пат, користејќи податоци од вселенските телескопи Хабл и Гаја, објави Ројтерс.

Анализирана возраст, состав и движење

Истражувачите ги анализирале староста, хемискиот состав и движењето на ѕвездите за да го утврдат нивното потекло.

Тие процениле дека проголтаната џуџеста галаксија во времето на спојувањето имала маса на нејзините ѕвезди еднаква на масата од околу 500 милиони Сонца, или приближно една четвртина од масата на Млечниот Пат во тоа време.

„Клучното откритие на нашето истражување е недвосмисленото откритие на првото спојување што го доживеа нашата галаксија“, рече астрофизичарот Давиде Масари од Националниот институт за астрофизика во Болоња, кој е и главен автор на студијата.

Што донесе спојувањето?

Според него, спојувањето донело голем број ѕвезди, меѓуѕвезден гас и темна материја на Млечниот пат.

Иако ѕвездите не се судриле, судирот на гасот од двете галаксии веројатно предизвикал формирање на голем број нови ѕвезди. Млечниот пат подоцна помина низ уште најмалку две големи спојувања.

Масари процени дека проучувањето на овие настани може да им помогне на научниците подобро да го разберат формирањето на Млечниот Пат, како и формирањето на Сончевиот систем и Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер