СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси - Канал 5

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси

„Поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“ е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата. 

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси

Со него и неговата Организирана криминална група Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните.

Мицкоски со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати, со бизнис мрежа и тендер коалиција која врти милиони им вели на граѓаните дека ќе чека децении. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да земаат бугарски пасоши за спас.

Целта на Мицкоски е ВМРО-ОКГ/ЗНАМ да си делат криминални тендери а народот да трпи.

Мицкоски излажа дека ќе го врати името, излажа дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка, одложено дејство.

Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега поради него: Македонија е на колена. Предадени се националните интереси, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите 

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер