Кузеска: „Скопската иницијатива“ и платформа „Твоја држава, твоја шанса“ - СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија
2Кузеска: „Скопската иницијатива“ и платформа „Твоја држава, твоја шанса“ - СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
2Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
МакедонијаСДСМ: Мицкоски преку Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија за КочаниХристијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените.Очигледно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори. Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е цлеосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на членови и делокугрот за работа, на самата седница на којашто ќе се одлучува по одлуката за формирање на Анкетната комисија да се утврдат членовите и составот на анкетната комисија. Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата. СДСМ ќе ги искористи сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани. Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, какви се прекршувањата на законските одредби, како и тоа кој треба да понесе политичката одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскап за 1,5 денариРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% .Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот има зголемување за 3,367%, кај екстра лесното масло има зголемување за 2,386% и кај мазутот има намалување за 1,488 %. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1617%. Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг и сега ќе изнесува 47,297 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: „Скопската иницијатива“ и платформа „Твоја држава, твоја шанса“ - СДСМ отвори ново поглавје за иднината на МакедонијаСо „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување.Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома. Во време кога илјадници млади луѓе ја напуштаат државата во потрага по подобри можности, платформата нуди конкретни политики за нивна поддршка: пристап до достоинствено вработување, повисоки плати, достапно домување, квалитетно образование, модерни студентски стандарди и еднакви можности за развој без партиски книшки и врски. СДСМ смета дека најголемиот предизвик за младите денес не е само економската несигурност, туку чувството дека системот не е праведен. Токму затоа централно место во платформата има борбата против корупцијата и воспоставувањето систем во кој институциите функционираат без политичко влијание а законот важи еднакво за сите. Нов антикорупциски закон, темелен ветинг на сите избрани и именувани функционери, целосна проверка на потеклото на имотот, нови институциите за борба против корупцијата, дигитализација на услугите и воспоставување механизми што ќе спречат партизација и злоупотреба. Платформата нуди решенија за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните: поголеми плати и пензии, заштита на работничките права, фер и правично оданочување, поддршка на домашното производство, подобра социјална заштита, образование, поддршка на земјоделците. Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики. Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек. Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда. Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско - општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извшрниот одбор Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ФудбалОтказ за Робин ван Перси во ФеенордПоранешниот холандски репрезентативец Робин ван Перси повеќе не е главен тренер на Феенорд. Раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со 42-годишниот тренер кој една ипол година беше на предводник на Феенорд.Ван Перси се врати во својот матичен клуб на почетокот на 2025 година со цел да продолжи развојот на тимот и да постигне континуитет на добри резултати. Иако тимот ја заврши сезоната на второто место и се квалификуваше за Лигата на шампионите, недостатокот на трофеи и падот на формата во текот на дел од сезоната беа клучни за одлуката на челниците на клубот. Ван Перси го водеше Феенорд на 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Техничкиот директор на Феенорд, Деви Риго, ги објасни причините за оваа одлука. - Спроведовме темелна внатрешна анализа. Го зедовме предвид развојот на прикажаната игра и трендот на намалување на освојувањето бодови, како во Европа, така и во домашното првенство. Заклучивме дека би било подобро да започнеме следната сезона со нов главен тренер - Како играч, Ван Перси остави најголем белег, покрај својот матичен Феенорд, играјќи за Арсенал и Манчестер ЈунајтедКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook