СДСМ: Мицкоски по стапките на Груевски, влегува во конфликт со меѓународните организации

ВМРО-ДПМНЕ повторно влегува во конфликт со меѓународните организации, како во времето на пребеганиот Никола Груевски. 

Позната е операцијата десоросизација предводена од Груевски, а Мицкоски длабоко гази во истата кал.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е центарот на лажни вести, дезинформации и конфликти со граѓанските организации.

Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот.

Иницијативата за подобар Балкан, на која викендов во Охрид покрај премиерот Зоран Заев учествуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката на Црна Гора Драгица Секулиќ.

За време на на работните средби, покрај со заменик претседавачот на Фондот отворено општество Александар Сорос, се одржани консултации со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Регионалниот совет за соработка и други.

Ја потсетуваме јавноста на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за ноќ на долгите ножеви и пресметки со неистомислениците. Не им доаѓа умот, повторно со лаги за наводно населување мигранти ги плашат граѓаните.

И тогаш и сега, граѓаните се контра лагите и омразата на двоецот Груевски-Мицкоски. Затоа ги загубија претходните избори и затоа ќе ги изгубат и изборите на 12 април. Обнова на десорсоизација нема да има!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

Ужас во Букурешт: Тинејџери до смрт претепуваат човек (Вознемирувачко видео)

Камера во возило кое вчера се движело низ центарот на Букурешт го снимило моментот кога момче (16) и четири години постар негов другар, со стапови до смрт претепале маж (46).

Сѐ се случило во понеделникот околу 17 часот и 30 минути среде улица, пред многумина минувачи.

На грозоморното убиство му претходела расправија меѓу маж и двајца тинејџери во парк. Според романските медиуми, жртвата дошла во паркот за да ја заштити својата поќерка која наводно била нападната од девојките на осомничените за убиството.

Предупредување: вознемирувачка снимка

Наводно, девојките закажале пресметка во паркот, а секоја од нив повикала некој свој на помош. Убиениот е очув на една од девојките во конфликтот. Кога пристигнал во паркот, започнала вербална расправија со тинејџерите, а потоа тие грабнале стапови и почнале да го тепаат до смрт.

Несреќниот маж успеал да побегне од паркот до улицата, но осомничените го стигнале и продолжиле да го тепаат. Според очевидци, тие го удирале по глава додека не престанал да се движи, а потоа побегнале.

Иако медицинските екипи пристигнале брзо, човекот не можел да се спаси. По два часа полицијата успеала да ги лоцира и уапси осомничените за убиството, а тие на распитот наводно го признале делото и биле приведени.

Шпанија не дозволи брод со 27 тони експлозив за Израел да запре во нивно пристаниште

Шпанија не дозволи брод што носи оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Албарес ги потврди извештаите дека бродот Marianne Danica превезувал оружје во Израел и дека побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај.

Тој рече дека забраната за шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Шпанија да го забрани извозот на оружје во Израел од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Одбивме да му дозволиме да се закотви и тоа ќе биде конзистентна политика со секој брод што носи израелско оружје што сака да се закотви во шпанските пристаништа“, рече Албарес.

Бродот превезувал речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија, објави Ел Паис. H. Folmer & Co. Компанијата која управува со бродот, не одговорила веднаш на барањето за коментар. Извештаите доаѓаат во време на спор меѓу владејачките социјалисти и нивните тврдолеви партнери околу дозволувањето транзит на бродови со оружје до израелските пристаништа.

притисни ентер