СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат - Канал 5

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата.

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ.

Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна.

Само кај Мицкоски секоја мерка наместо да ги намали цените, ги зголемува или нема никаков ефект.

Наместо да ги прифати предлозите на СДСМ за навремени и системски мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата, ВМРО-ОКГ одбиваше да реагира - било намерно, било од незнаење и неспособност.

Резултатот е ист: цените на горивата, храната и основните производи постојано растат, а граѓаните плаќаат највисока цена.

Ова е систематска политика на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО која доведе до економски колапс.

Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата.

Граѓаните живеат во страв по секоја мерка на Мицкоски. Можат само да очекуваат нови поскапувања од ден на ден, додека ВМРО-ОКГ продолжува со истата политика на доцнење и неуспех.

Скопје, 19.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хамилтон сподели интимни моменти со Ким Кардашијан

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сподели нови фотографии на социјалните мрежи на кои позира со својата девојка  американската старлета, Ким Кардашијан, со што дополнително го привлече вниманието на јавноста кон нивната врска.

Фото: Хамилтон сподели интимни моменти со Ким Кардашијан

Фотографиите се направени за време на заеднички одмор покрај езеро во САД, каде што парот поминувал време со членови на семејството Кардашијан и со нејзините деца.

Овие објави следуваат откако Ким во изминатите денови сподели неколку заеднички фотографии на Инстаграм – вклучително и селфи со Хамилтон – додека тие продолжуваат јавно да споделуваат моменти од својата врска.

Врската привлекува значително внимание во јавноста. Хамилтон и Кардашијан со месеци се во центарот на вниманието на светските медиуми, а својата врска ја обелоденија претходно оваа година, по неколкумесечни шпекулации.

Според извештаите на американските медиуми, двајцата се познаваат со години, но романтична врска започнале на почетокот на 2026 година, по што почнале заедно да се појавуваат на разни јавни настани и патувања.

Нивните нови заеднички објави предизвикаа бројни реакции кај следбениците, а фановите и медиумите со голем интерес продолжуваат да го следат развојот на една од најекспонираните врски во светот на спортот и шоу-бизнисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Белгија

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, уште еднаш покажа колку е доминантен нивниот болид и колку голема предност имаат во однос на сите други во шампионатот. 

Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Белгија

Со оваа победа, италијанскиот тинејџер ја зголеми разликата во генералниот пласма и се поблиску е до првата круна .

На победничкиот подиум во белгиското Гран при се искачија и Шарл Леклер од Ферари, како и Макс Верстапен од Ред Бул/

Без подиум на патеката Спа Франкошамп останаа Луис Хамилтон, кој го заобиколи Пјастри четири круга пред крајот, по него следуваа Оскар, Хајар, Норис, Бортолето, Линдблад и Колапинто, кој ги комплетира Топ 10 и возачите во поени.

Трката започна хаотично бидејќи уште во првиот круг видовме инцидент и контакт меѓу Расел и Хамилтон. Џорџ излета од патеката и се повлече од трката, а Луис доби казна од 5 секунди, која можеби беше престрога.

Од тој момент па сè до крајот на трката, Кими Антонели имаше само една цел – победа. Тој успеа да ги неутрализира одличните возачи како Шарл Леклер, Макс Верстапен и Ландо Норис и да победи на патеката „Спа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Никол Шерцингер повторно во бикини

Светската музичка ѕвезда, пејачката Никол Шерцингер секоја година поголемиот дел од времето во текот на летните месеци го поминува на плажа и, за радост на сите што ја следат, редовно објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи на коои е во бик

Фото: „Жешката“ Никол Шерцингер повторно во бикини

Никол и летово ужива во сонцето, морето и песокот, а речиси секојдневно е активна на социјалните мрежи – на радост на своите верни следбеници.

Откако неодамна го прослави својот 49-ти роденден – при што им се обрати на фановите на Инстаграм директно од морето, изразувајќи голема благодарност за уште една година и ценејќи го секој момент – таа сподели уште неколку интересни објави, а последната од нив привлече особено внимание.

Таа трчаше по плажата во шарено бикини, оставајќи траги во жешкиот песок; нејзината прекрасна, витка и затегната фигура никого не остави рамнодушен, а на многумина сигурно им беше тешко да се воздржат од коментари пред таква глетка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер