Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
3Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лаже, многу, многу лаже!Христијан Мицкоски лаже, многу лаже.Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна. Излажа. Мицкоски ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници. Не им кажа на граѓаните дека поништување на Преспанскиот договор ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, губење на членството во НАТО и загрозување на безбедноста. Денеска на сите им е јасно дека зборот не му вреди. Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка. Излажа. Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“. Излажа. Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“. На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија. Ветуваше одговорност и правда. Денеска го штити Тошковски. Криминалците се во врвот на власта, одговорност нема, правдата е погребана. За поставувањето на Душан Адамовиќ, за почесен конзул во Србија рече дека стои македонскиот амбасадор. И за ова излажа. Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо. 40% од медиумите се под контрола преку мрежата на Орбан и тоа се злоупотребува за манипулации со граѓаните.ВМРО лаже! Мицкоски, многу, многу лаже! Граѓани, не дозволувајте повеќе да не лаже! Прес конференција на СДСМ, Боданка Кузеска – портпаролка Одговор на новинарско прашање Владата профитира, зошто се поскапени цените на горивата кога има пад на светските берзи? По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо. Зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи? Со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера? Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожариДенеска (04.08.2026) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, на подрачје на Кавадарци, реализираа превентивна активности под мотото „Возете безбедно со технички исправно возило“. Целта на активноста беше да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите за обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ОВР Берово и ПС БПС Штип пак, во Скопје, Берово и Штип реализираа превентивни активности, при што на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Акцент беше ставен на возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во рамки на сообраќајните активности беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во с.Пласница и Македонски Брод реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаНиколоски: Очекувам во дадениот рок да бидат завршени работите на автопатот Охрид-Кичево Очекувам во наредните неколку месеци да се завршат најголемиот дел од работите и автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба согласно воспоставениот рок идната година Ова во „Вести Плус“ го порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЈанчев: Пожарот во село Раец е целосно изгаснатПо три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија. Упатуваме искрена и огромна благодарност до ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Гранична полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители од с.Раец и с.Дреново, кои на различни начини помогнаа во справувањето со пожарот. Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба. Благодарност до сите што дадоа свој придонес. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, додаде Јанчев во објавата. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08