СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата - Канал 5

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

Христијан Мицкоски им порача на граѓаните да се „припремат за маратон“. 

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

Со други зборови, јасно им кажа дека треба да се подготват долго време да живеат сиромашни.

Оваа порака доаѓа во момент кога економската реалност е многу потешка од политичкиот маркетинг на Владата.

До јуни е потрошен скоро целиот планиран буџетски дефицит за целата 2026 година.

Од 670 милиони евра предвиден дефицит.

Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок.

Буџетот беше донесен со нереални и надуени стапки на раст, кои служеа исклучиво како маркетиншки инструмент.

Капиталните инвестиции покажуваат висока реализација на хартија, но во реалноста се работи за плаќање на заостанати фактури од минатата година, а не за нови проекти.

Македонскиот економски модел и понатаму се базира на лична потрошувачка, а не на извоз и продуктивни инвестиции.

Во услови на увозна зависност, оваа потрошувачка директно ја зголемува инфлацијата и ја прави економијата ранлива.

Дополнително, одложувањето на европските интеграции ја чини државата милијарди евра во изгубени грантови и поддршка, особено во време на кризи.

Наместо да се фокусира на реформи и ЕУ патот, Владата продолжува со популистички пораки, најавува предвремени избори (затоа што нема парии), одложување на суштинските промени.

Кога премиерот вели „припремете се за маратон“, тоа не е повик за издржливост. Тоа е отворена најава дека граѓаните треба да се навикнат на долготрајна сиромаштија, додека политичките елити продолжуваат со иста политика на долгови, маркетинг и одложување на реформите.

Граѓаните не заслужуваат маратон во сиромаштија. Заслужуваат реални реформи, вистински инвестиции и европска иднина.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.

Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

Така, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала.

Во точно неутврден временски период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во с. Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.

Третиот настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал.

Во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во с. Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви.

Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.

Последниот евидентиран настан е на 09.02.2026 година во с. Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Бројките потврдуваат - близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

​Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати.

Стојаноски: Бројките потврдуваат - близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија има 707.385 вработени лица, наспроти 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година.

Тоа значи дека денеска во Македонија има близу 17.000 повеќе вработени лица.

Истовремено, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека пак стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти.

Ова не се политички процени, туку официјални податоци од Државниот завод за статистика.

Бројките јасно покажуваат дека Македонија се движи во позитивна насока. Се зголемува бројот на вработени, се намалува невработеноста и се создаваат нови можности за младите, за невработените лица и за сите граѓани што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Овие резултати не се случајни. Тие се поддржани со активни политики на пазарот на трудот, со конкретна поддршка на домашните компании, со привлекување на нови инвестиции и со мерки насочени кон отворање одржливи работни места.

Оперативниот план за вработување за 2026 година е вреден речиси 40 милиони евра и предвидува опфат на повеќе од 10.000 лица.

Од вкупниот износ, повеќе од 32 милиони евра се директно наменети за мерки за создавање нови работни места.

Посебен акцент е ставен на младите. Со Оперативниот план е предвидено вклучување на речиси 6.000 лица до 29 години.

За околу 3.500 млади лица до 23 години, вработени во производствените капацитети, е предвиден младински додаток во износ од 3.000 денари.

Преку обуки, практикантства, преквалификации и мерки за стекнување на нови вештини, младите ќе добијат поголеми можности за полесно вклучување на пазарот на трудот и стекнување на квалификации коишто ги бара македонската економија.

Преку мерката за самовработување и претприемништво се очекува отворање на повеќе од 2.000 работни места.

Преку мерката за поддршка за креирање нови работни места треба да бидат опфатени уште повеќе од 1.500 лица.

Само преку овие две мерки се обезбедува директна поддршка за повеќе од 3.500 нови вработувања.

Позитивни резултати дадоа и мерките спроведени во 2025 година. Преку Програмата за самовработување со грант беа поддржани повеќе од 2.600 лица, од кои речиси 1.500 беа млади до 29 години. Како резултат на оваа поддршка беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти.

Тоа значи дека државата не обезбедува само привремена помош, туку создава услови граѓаните да основаат сопствени бизниси, да создадат работно место за себе, а во иднина да вработуваат и други лица.

Нашата цел не е само статистичко намалување на невработеноста. Нашата цел е создавање одржливи, продуктивни и подобро платени работни места.

Затоа продолжуваме со поддршка на младите, долгорочно невработените, жените, лицата што потешко се вклучуваат во пазарот на трудот, домашните компании и малите и средните претпријатија.

Продолжуваме со поддршка на претприемништвото, стекнување практични вештини и подобро поврзување на образованието со реалните потреби на компаниите.

Не велиме дека сите проблеми се решени. Потребни се уште работа, инвестиции и реформи. Но денес имаме јасни показатели дека преземените мерки даваат резултати.

YouTube video

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Двајца Мицкоски и за младите

Мицкоски изјави дека „младите се враќаат во татковината“ и дека новата генерација има „поинакви предизвици“.

СДСМ: Двајца Мицкоски и за младите

Во исто време, во истиот контекст, предупреди дека „ако младите продолжат да си заминуваат, нивното место ќе го заземат луѓе од трети земји“.

Од кои трети земји, кога Македонија е во таа група? Да не мисли на мигранти?

Ова се две меѓусебно исклучувачки пораки од еден ист премиер, во еден ист ден.

Ако младите навистина масовно се враќаат, зошто тогаш зборува за тоа дека нивното место ќе го заземат странци?

Ако младите продолжуваат да заминуваат во толкава мера што треба да се доведуваат луѓе од трети земји, тогаш целата приказна за „враќање во татковината“ е обична лага и политички маркетинг.

Ова е уште еден доказ дека Мицкоски и ВМРО немаат ниту сериозна демографска политика, ниту вистинска стратегија за задржување на младите.

Имаат само противречни изјави, приспособени на дневните потреби на медиумскиот наратив.

Наместо да создаваат услови младите да останат и да се враќаат преку работни места, повисоки плати, станбена политика и европска перспектива, тие продолжуваат со празни фрази и спинови.

Граѓаните веќе не веруваат во овие противречности.

Младите не се враќаат затоа што нема ЕУ-интеграција, нема перспектива. Младите не сакаат да се вратат во изолирана Македонија, слепо црево на Балканот.

А Мицкоски, наместо да ја решава таа реалност, продолжува да ја маскира со контрадикторни изјави.

Но, ова не е прв пат Мицкоски да има две различни лица и две спротивставени позиции.

Кога беше во опозиција, Мицкоски остро се спротивставуваше и го напаѓаше Преспанскиот договор.

Денес, како премиер, го нарекува „ремек-дело на дипломатијата“ и вели дека е најдоброто што можело да се постигне. Сиљановска го потврди тоа - заштитени се културата, јазикот и националниот идентитет.

Кога беше во опозиција, беше против влезот во НАТО. Денес оваа организирана криминална група, ВМРО, тврди дека НАТО е „најдоброто за безбедноста и за странските инвестиции“, во исто време кога инвестициите паднаа за 60%.

До пред два месеца најавуваше Влада со полн мандат, а сега постојано повикува на предвремени избори.

Сега, кога станува збор за младите, ја повторува истата шема.

Едниот Мицкоски вели дека младите се враќаат. Другиот Мицкоски вели дека, ако не се вратат, нивното место ќе го заземат луѓе од трети земји - мигранти (економски работници, како што ги нарекува сега).

Ова не е политика. Ова е политичка шизофренија и континуирано менување на позициите според моменталната потреба.

Граѓаните веќе не веруваат во овие противречности. Едниот Мицкоски лаже, другиот ги правда лагите. А вистината е дека младите не се враќаат затоа што оваа Влада нема ниту капацитет, ниту волја да создаде услови тие да останат или да се вратат.

Ете, двајца Мицкоски, па нека си избере секој кого сака.

Оној што лаже или оној што се правда затоа што лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер