СДСМ: Мицкоски излажа за тестовите, излажа за невработеноста, лажните вести и деструктивноста се неговиот начин на делување - Канал 5

СДСМ: Мицкоски излажа за тестовите, излажа за невработеноста, лажните вести и деструктивноста се неговиот начин на делување

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја пропуштија шансата да се издигнат над партиските и личните интереси и да покажат конструктивност во надминување на здравствената криза.

СДСМ: Мицкоски излажа за тестовите, излажа за невработеноста, лажните вести и деструктивноста се неговиот начин на делување

Наместо да се приклучат во битката и да застанат на страната на граѓаните и нивното здравје, тие избраа да се служат со лажни вести за коронавирусот во обид да создадат паника и страв.

Мицкоски излажа кога на јавноста и соопшти дека здравствениот систем не е подготвен за кризата и дека има само 100 тестови за вирусот, иако вистината е дека после таа изјава се направија илјадници тестови.

Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека над 100.000 граѓани останале без своите работни места, иако вистината според официјалните податоци е дека само 7.000 работници изгубиле работа како последица на здравствената криза.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ немаше конзистентен став и во врска со економските мерки. Тие цело време се противеа на се што спроведуваат државните институции во обид да ги намалат економските последици. За една мерка не кажаа дека е добра, а сето тоа што го предлагаа немаше врска со реалноста и со капацитетот на државата.

Со недоличното, нехуманото и несолидарното однесување на ВМРО ДПМНЕ во време на здравствена криза, но и со продуцирање на лажни, опасни вести, Мицкоски самиот си го потврди поразот на следните избори.

Граѓаните знаат да направат разлика кој вистински се грижи за нивното здравје и за иднината на државата, а кој го користи моментот за партиска и лична промоција.


Холандија не се откажува од израелски ракети за нови воени бродови

Холандското Министерство за одбрана избра израелски систем за оружје за два нови повеќенаменски помошни бродови.

Холандија не се откажува од израелски ракети за нови воени бродови

Одлуката е донесена поради растечките повици во Претставничкиот дом за бојкот на израелското оружје поради војната во Појасот Газа, објавија холандските медиуми.

Вршителот на должноста државен секретар за одбрана, Гејс Тојнман, му пишал на Претставничкиот дом дека израелскиот производител на оружје „Израел аероспејс индустрис“ е единствениот што може да испорача ракети земја-воздух, прецизна муниција со долг дострел и опрема за електронско војување на краток рок.

Според Тојнман, купувањето од еден производител има повеќе предности. На пример, системот може подобро да се интегрира во морнарицата, а компанијата се грижи за одржување на системите во првите три години. Набавката на бродовите е итна и, според него, нема алтернатива.

Државниот секретар додаде дека набавката на помошните бродови се одложува. Според него, преговорите за договорот со бродоградбата „Дамен“ сè уште не се завршени. Првично, беше планирано двата брода да бидат пуштени во употреба до 2027 година.

Лишен од слобода велешанец кој нападна девојче и полициски службеници, предложен притвор

-Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. 

Лишен од слобода велешанец кој нападна девојче и полициски службеници, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а и шест кривични дела – „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух, соопштија од Јавното обвинителство.

Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена.

Како што потенцираат од Јавното обвинителство, по неговото приведување во полициска станица, осомничениот продолжил да им се заканува на полицајците, поради што обвинителот оцени дека постои реална опасност тој да ги доврши кривичните дела доколку биде пуштен да се брани од слобода. Исто така, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор и поради опасност од бегство.

Муцунски од Будимпешта: Проширувањето е стратешки важно за релевантноста и иднината на ЕУ

Политиката на проширување е стратешки важна за релевантноста и иднината на Европската Унија, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во обраќањето на меѓународната конференција Budapest Global Dialogue 2025.

Муцунски од Будимпешта: Проширувањето е стратешки важно за релевантноста и иднината на ЕУ

Политиката на проширување е стратешки важна за релевантноста и иднината на Европската Унија, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во обраќањето на меѓународната конференција Budapest Global Dialogue 2025, што се одржува во главниот град на Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања и Фондацијата за следење на истражувањата.

Како што соопшти МНРиНТ, во своето воведно обраќање на конференцијата, Муцунски ја нагласил потребата од проактивна и кохезивна европска политика во услови на зголемена глобална нестабилност и променлив геополитички контекст. Притоа, истакнал дека посилна и покоординирана Европска Унија, во партнерство со стабилна трансатлантска врска, претставува суштински предуслов за справување со надворешните предизвици и зачувување на безбедноста и просперитетот на европскиот континент.

Посебен акцент во обраќањето бил ставен на политиката на проширување, која министерот Муцунски ја оценил како стратешки важна за релевантноста и иднината на Европската Унија. Тој подвлекол дека нашата држава и земјите од Западен Балкан се составен дел од европската безбедносна и економска архитектура, како и од напорите за зголемување на конкурентноста и иновативноста на Унијата.

-Европската интеграција на регионот не треба да се гледа исклучиво како геополитички избор, туку како заедничка стратешка потреба и одговорност, истакна министерот Муцунски.

Во своето излагање тој подвлекол дека македонскиот народ ја има платено цената на трпение и компромиси, но посочил дека постојат линии што нема да бидат преминати - затоа што, како што нагласил, тие ја определуваат суштината на нашиот национален идентитет.

-Нашиот јазик, идентитет и културно-историски континуитет не може да бидат предмет на преговори. Тие се душата на нашата нација. Посветени сме на интеграцијата, но подеднакво и на одбраната на нашето достоинство и правото да бидеме тоа што сме - без услови, без извинување, без бришење, истакнал Муцунски.

Тој додал дека ова не е став на инает, туку на самопочит, потенцирајќи дека иднината во Европа мора да се гради врз взаемно признавање и доверба, а не врз бришење на историјата или наметнати наративи, стои во соопштението на Министерството.

притисни ентер