МакедонијаСДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат СкопјеНа Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите. Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби. Неспособното ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје. Ветуваа дека сите депониии ќе ги исчстат и ќе најдат решение, после 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен, задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани од канцерогени материи. Орце Ѓорѓиевски нели е претседател на ЗЕЛС зошто се крие? Треба да престане да бега, да излезе и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено? Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter