СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност - Канал 5

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Најголем непријател на македонскиот јазик, култура и идентитет е Христијан Мицкоски.

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ.

Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за оваа состојба.

СДСМ ја извојува победата во Брисел со Преговарачката рамка во која е наведен македонскиот јазик, како и со потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик – без никакви придавки, фусноти и ѕвездички. Тоа беше јасна победа за Македонија и за граѓаните, која Мицкоски никогаш не ја призна. Тој беше разочаран, молчеше и не се радуваше – сега е јасно зошто.

Во услови кога нема со што да се пофали по една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз, воден од лични интереси и потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнато од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот парламент, доведе до тоа повторно да ѝ се оспорува на Македонија идентитетот и јазикот.

Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата и самоволието, киднапирајќи ја европската иднина на државата.

Мицкоски треба веднаш да се извини пред македонскиот народ за лажните ветувања и да сноси политичка одговорност за тоа што го избриша македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Се размислува патарините да  се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.

Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт.

И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа.

Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст.

За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива.

Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас.

Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право.

На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер