СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата - народот живее полошо и нема пари - Канал 5

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата - народот живее полошо и нема пари

Мицкоски дојде на власт со лаги. Ги излажа граѓаните за враќање на името, за Преспанскиот договор, за подобра преговарачка рамка. 

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата - народот живее полошо и нема пари

Ги излажа и за економијата.

Изминуваат 2 години, половина од мандат на Христијан Мицкоски а ниту едно од ветувањата во економијата не е остварено.

Наместо подобар живот и повисок стандард, народот живее полошо и со помалку пари. Наместо нови инвестиции – инвеститорите си заминуваат. Наместо намалување на задолжувањето имаме рекордно зголемување и нови долгови.

Економската политика на Владата на ВМРО и Мицкоски доживува целосен дебакл.

Во Буџетот нема пари, расте дефицитот додека власта трупа нови долгови на грбот на граѓаните.

Според официјалните податоци од Министерството за финансии, заклучно со 27 мај се реализирани 76 проценти од вкупно планираниот годишен буџетски дефицит.

Затоа ѝ се брзаше на власта да го истурка новото скапо задолжување од 260 милиони евра - со грубо кршење на деловничките процедури и злоупотреба на Собранието.

Затоа излажа и министерката за финансии, прво не повика да ни објасни па потоа побегна.

За две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а јавниот долг се зголеми на историски највисоки 11 милијарди евра - долг што ќе го плаќаат идните генерации.

Ова не се пари за граѓаните, ниту за капитални инвестиции. Ова се пари за криминалните тендери на расипничката Влада на ВМРО, што душмански ја задолжува државата.

А за граѓаните нема повисоки плати, нема 600 евра минимална плата, нема ниту мерки за заштита на животниот стандард, додека инфлацијата од 5,7% го јаде семејниот буџет.

Скоро 69.000 денари се потребни само за покривање на основните трошоци за живот - две минимални плати не стигнуваат за живот.

Нема пари за исплата и за повисоки субвенции за земјоделците. Дополнително, власта на дел од земјоделците им бара да вратат пари назад.

Се крати и од студентите - се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови.

ВМРО крати од сите, за да има повеќе за нивните криминални тендери и луксузи.

За две години го осиромашија народот. Уште во првата година од владата на ВМРО, стапката на сиромаштија е дури 21,9% - секој петти граѓанин живее на прагот на сиромаштија.

Нивото на странски инвестиции е намалено за 60%.

Бројот на работниците во индустријата за една година е намален за 2,8%.

Ова е реалноста што власта секојдневно се обидува да ја сокрие со пропаганда, лаги и дефокус.

Мицкоски ги излажа граѓаните а цената ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и се потежок живот од ден во ден.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски - членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер