„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
1„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаСДСМ: Мицкоски е виновен за бришење на македонскиот јазик во Европскиот парламентНа македонскиот јазик му се заканува бришење од Извештајот на Европскиот парламент. Доколку тоа се случи ќе има само еден виновник – Христијан Мицкоски. Никој друг.Мицкоски свесно ја отвори веќе затворената дебата за македонскиот јазик во ЕУ, со што директно го загрози она што еднаш беше постигнато – признавањето на македонскиот јазик како единствен и автентичен јазик на македонскиот народ во Европската унија. Ова не е грешка. Ова е намерен, политички пресметан чекор со кој Мицкоски, воден од теснопартиски интереси и слугување на туѓи држави, повторно ја доведе државата и македонскиот народ во понижувачка ситуација. Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за ова. Неговата координирана акција со Андреј Ковачев и европратениците од ЕПП резултираше со тоа што денес повторно ни се оспоруваат јазикот и идентитетот. Повторно нè вратија таму каде што веќе бевме поминале – во борба за основни национални права. СДСМ, преку договорот за ФРОНТЕКС и Преговарачката рамка, ја извојува најчистата победа за македонскиот јазик. Договорот Фронтекст е документ потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без придавки, без ѕвездички. Во преговарачката рамка стои јасно македонски јазик. Ова е победа која никој не можеше да ја оспори. Но наместо да ја поддржи, Мицкоски не работи за Македонија. Во отсуство на резултати, неспособен да испорача за граѓаните, Мицкоски денес единствено што прави е да ги претвора победите во порази. Ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата и самоволието, киднапирајќи ја европската иднина на државата. Мицкоски треба веднаш да се извини пред македонскиот народ и да сноси политичка одговорност за тоа што го избриша македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент. Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публикатаВиртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ . Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона. Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници. Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи. Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните. Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико. Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка. Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година. Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини. По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашањаСобранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook