СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан - Канал 5

СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Се потврдува она што СДСМ веќе подолг период го зборува, на Мицкоски му се брза за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот.

Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот „голем брат“ Вучиќ.

Сите братски бизнис шеми наскоро ќе бидат под лупа. Орбановата медиумска мрежа, сомнителните зделки, тендери, телекомуникациските и енергетските бизниси поврзани со Орбан, целиот криминален октопод ќе се истражува.

Сега имаат уште поголем мотив, стравот од истрагите и одговорноста.

Како што СДСМ со месеци предупредуваше – кога ќе снема пари за тендери и за полнење џебови, криминалната организација ВМРО веднаш ќе почне подготовки за избори.

По две години власт Мицкоски нема ниту едно исполнето ветување, ниту еден резултат, нема решение за економијата а Македонија е заглавена со блокиран европски пат.

Ветуваше враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, покачување на плати и пензии, економски развој.

Реалноста граѓаните ја гледаат со празните фрижидери и празните џебови.

Нема повисоки плати. Нема 600 евра минимална плата. Нема мерки за заштита на животниот стандард. Инвестициите се намалени за 60%, македонски работници се отпуштаат од работа, за 4.000 е намален бројот на вработени во индустријата.

Снемува пари во Буџетот, Мицкоски создаде нов долг од 2,3 милијадри евра врз грбот на народот кој води кон финансиска неизвесност.

Неговите дилетантски политики целосно потфрлија.

Коалицијата му се распаѓа, пратеници го напуштаат мнозинството разочарани.

И кога нема резултати, кога нема пари и кога нема решение – нападни ја опозицијата и создавај тензии, тоа е рецептот на Мицкоски.

Затоа повторно ја почна старата кампања „предавници“ и создавање вештачки конфликт со Бугарија. Други да му бидат виновни за неговиот неуспех.

Но, граѓаните веќе ги прочитаа сите лаги на Мицкоски.

Го прочитаа човекот што клечеше и молеше за власт, ветувајќи укинување на Преспанскиот договор и враќање на името. Го прочитаа човекот што ветуваше економски бум, а донесе само долгови, сиромаштија и изолација.

Лажниот патриотизам не полни фрижидери и паричници. Не носи повисоки плати, ниту подобар живот. Не отвора европски фондови и не носи иднина за младите.

СДСМ е подготвена да ја врати државата на вистинскиот пат, во рацете на граѓаните. Доаѓа време на вистина, правда и одговорност.

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ - генерален секретар

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!

Мегапопуларната пејачка со потекло од Балканот, Рита Ора ги покажа своите извајани стомачни мускули во сребрен бикини, споделувајќи впечатливи фотографии од својот одмор на Миконос на Инстаграм.

Фото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!

35 годишната Рита на фотките позира на луксузна јахта на која уживала заедно со пријателите.

Покрај сребреното бикини, Рита имаше и зелен шал за да ја заштити косата и беше совршено стилизирана.

„Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан не престанува да ги промовира различните делови од колекцијата на нејзиниот бренд SKIMS, а тоа значи само едно – нејзините фанови ќе уживаат во атрактивните новитети на старлетата.

Фото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш има свои решенија за привлекување внимание. Откако сите пишуваа за нејзината врска со Луис Хамилтон, која веќе не е тајна бидејќи возачот на Формула 1 редовно ја изјавува својата љубов кон ѕвездата, таа сега го насочи својот фокус кон својот бренд SKIMS.

Уште од самиот почеток, таа имаше провокативни рекламни кампањи во кои се појавуваше таа или нејзините сестри, облечени во многу малку облека, минијатурни бикини и слично.

Сега таа ги почести своите обожаватели со серија фотографии

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Ако планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра?

Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината.

Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект.

Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни.

1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки.

2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат.

3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите.

4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот.

5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил.

Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување.

Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер