СДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две години - Канал 5

СДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две години

Се потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци - пари во буџетот нема.

СДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две години

Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница.

Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра.

Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес.

Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери.

Како што најавуваме со месеци - во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра.

Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично.

Ова не е запаметено во Македонија.

Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %.

Буџетот денес е околу 7 милијарди евра - двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило.

Од нешто прават ништо.

Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари.

Работниците со минимална плата живеат полошо.

Што прави Мицкоски?

Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото.

Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити - тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто.

Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови.

Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза - владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати.

Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат.

Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата - можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема.

Не само што нема проект - нема пари за граѓаните.

Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии.

Дури сакаат да го национализираат вториот столб.

Не ја покачија минималната плата на 600 евра.

Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените - штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит.

Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот.

Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски.

Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија.

Народот ќе победи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. 

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат?

Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици.

Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже.

Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото.

Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето.

Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла.

Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај.

Наскоро повеќе информации.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

​Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси.

Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.

Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката.

И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката.

Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив.

Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси.

Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер