Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“
ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!
1Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“
2ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!
3Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
МакедонијаСДСМ: Мицкоски беше советник на Никола Груевски, тој ги чинеше граѓаните два милиони денариНаместо да честита за напредокот во реформите, за безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ и најпозитивниот извештај од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ очајно тоне.Од „заробена држава“ за само 2 години нашата земја е „светол пример“ за целиот регион. Нека учи ВМРО-ДПМНЕ како се сака татковината и како се работи за нејзината иднина и иднината на граѓаните. Напредокот на земјава е аргумент со кој ВМРО-ДПМНЕ не може да се споредува.Граѓаните знаат дека советник на Никола Груевски беше токму Христијан Мицкоски кој ги чинеше граѓаните над два милиони денари. И за овој ангажан, платен од граѓаните, Мицкоски лажеше, најпрво дека не бил, а потоа и дека не добивал надоместок како советник на Никола Груевски. Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.Во овој период Мицкоски добива и државно земјиште од Владата на Груевски за неговиот бизнис со хидроцентрали. Земјава беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија додека Мицкоски си тераше бизнис. Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски. За разлика од времето кога огромниот број, нивните имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа сокриени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО,се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВолонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна. Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници Момин Поток, управуван од Црвен крст на Република Македонија – Црвен крст на Град Скопје. Иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност. Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел: да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите. „Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку „ТАВ Готви“ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‘Hope On Board’, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица „Момин Поток“. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можат да создадат значајни промени“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Волонтерската активност беше организирана во духот на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, потврдувајќи ја долгогодишната посветеност на ТАВ Македонија кон поддршка на ранливите општествени групи преку одржливи и влијателни програми за корпоративна општествена одговорност. Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!На народот можете да му продавате бајки, ПР-стратегии и евтини изговори за „нафтени кризи“, но кога ќе дојде денот за пресметка — бројките никогаш не лажат! Прес-конференцијата на Министерката за финансии целосно го демантираше Премиерот и го потврди точно тоа на што економските експерти на ЛДП гласно предупредуваа: вториот ребаланс на буџетот не е никаква „навремена заштита на граѓаните“, туку официјално признание за фискален хаос, расипништво и тотална неспособност. Додека Премиерот ги убедуваше граѓаните дека буџетот се прекројува исклучиво поради намалените акцизи за горивата, Министерката ги разобличи овие невистини. Дупката од 86 милиони евра и кратењето на расходите не се резултат на заштеди, туку на тотален колапс на капиталните инвестиции! Ова се поразителните факти кои излегоа на видело од самата шефица на македонскиот буџет: - Скратени се 30 милиони евра од Министерството за енергетика — точно во секторот каде што беа најпотребни инвестиции за енергетска стабилност! - Скратени се над 24 милиони евра за животна средина — поради неспособност да се искористат европските ИПА фондови, што е скандалозно за влада која декларативно се колне во ЕУ! - Закочени се сите клучни проекти — пропаднаа тендери, одложена е дигитализацијата на Трезорот. Помпезно најавуваниот почеток на градба на брзата пруга до Солун и Белград за септември 2026 остана уште една неисполнета бајка. Сите имаме добра меморија! Владата тотално ги игнорира реалните потреби на граѓаните. Наместо итно да направи сеча на непродуктивните трошоци — на измислените функции, непотребните заменички позиции, преплатените управни одбори, луксузните кабинети и советничките армии — таа скрати од развојот на државата. Истовремено, скришум ја задолжи државата за нови 150 милиони евра со висока камата од 5,25% само за да плаќа стари камати и главници! За дебаклот да биде комплетен, Министерката веќе најавува дека во декември веројатно ќе има ТРЕТ ребаланс! Ова е крунски доказ дека во оваа Влада нема ниту план, ниту стратегија, ниту минимална фискална дисциплина. Ова повеќе не е управување со јавните финансии, ова е возење авион без пилот. А кога авионот лета без пилот и без навигација, катастрофата е неизбежна — а опасноста од падот е за патниците, односно македонските граѓани и стопанството! ЛДП бара итно запирање на правењето нови дупки со скапи задолжувања и конечна сеча на сите измислени партиски функции и привилегии пред државата целосно да доживее фискален колапс!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажуваБританецот Карл Бушби, кој во 1998 година тргна на пат околу светот пеш, конечно се врати на британско тло откако го преплива Ламанш, пишува британскиот весник „Индипендент“. 57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација. Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер. За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат. Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци. Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море. Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш. По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News. „Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој. Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец. Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта. „Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“. Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter