Ужас во Бугарија: Удрил во контејнер, па избегал- полицијата во багажникот го пронашла убиениот очув (ВИДЕО)
2Ужас во Бугарија: Удрил во контејнер, па избегал- полицијата во багажникот го пронашла убиениот очув (ВИДЕО)
МакедонијаСДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA.Регистар бр. 6170. Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје - АТС Груп ДООЕЛ. Приватна фирма. Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата.... Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема. Сопственик: е Шефшет Демировски. Цена: 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари. Договорот трае, низ 2026 и 2027 година. На 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Нула царини. Американски гас. Стотици милиони за американски ИТ. Повластен пристап за американска одбрана. Енергетски столб од ред 1,5 милијарди долари. Превод за секој што не чита регистри: приватна фирма за оружје плаќа американски лоби да ги турка темите на Мицкоски како да се државни. Ова е мега скандал. Што бара таа фирма? Пазар за наоружување и опрема. Што е антимон? Метал што влегува во воена индустрија - тврди легури, муниција, заштита. Пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка, Мицкоски го продаде како успех од Америка. За Гета фрлија 5,53 милиони евра народни. Земјата евтина. Концертот скап. Јаловината останува во почва и вода. Затоа ова е многу едноставно. Кога немаш официјален термин, одиш каде што лобистот отвора врата: хотелски фоаје, ходник, 42 секунди, слика од страна. Потоа дома тоа го викаш средба на ултра високо ниво. Заштита на идентитетот. Стратешко партнерство. Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA - за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата. Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук. Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт. Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага. Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е случајност. Тоа е метод. Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата. Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува. Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка. СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние. Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција. Ова мириса на корупција и мора да се истражи! Бараме јавно да биде објавена целата документација. Цел извод FARA 6170, материјалот од 2 април, список кого Mercury го барал во име на АТС, кој ја платил делегацијата, и писмен одговор зошто антимон се води како државен интерес додека го лобира приватна воена фирма. Ходникот не е кабинет. Лобито не е дипломатија. Антимонот не е леб. Тоа е руда за оружје. Кој го плаќа лобито, тој ја пишува агендата. Во овој случај не ја пишува народот. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 24.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЖивотЉубовта не знае за граници: 96- годишна баба се омажи за тинејџер Врските или браковите со голема разлика во возраста отсекогаш привлекувале внимание од јавноста, но еден пример од мексиканската држава Кинтана Ру ја подигна летвичката на ново ниво.Неименувана 96-годишна баба се омажила за тинејџер 78 години помлад од неа, кој има 18 години, во она што официјално е опишано како „ венчавка со најголема разлика во возраста регистрирана во 2025 година“. Што покажуваат извештаите? Истата година, Кинтана Ру забележала стапка на бракови речиси три пати поголема од онаа на главниот град Мексико Сити, иако повисоката стапка не мора да значи поголем вкупен број на венчавки. Иако возраста на младоженецот можеби изненадила некои, извештаите покажуваат дека просечната возраст за брак во Мексико се зголемила за 4,1 година во текот на изминатата деценија и за мажите и за жените, со вкупно 491.640 регистрирани бракови во 2025 година. Венчавката е евидентирана во Статистика за бракови (EMAT) на Националниот институт за статистика и географија (INEGI). Ова не е единствен случај Бидејќи станува збор за строго официјални протоколи, малку се знае за двојката или за церемонијата одржана во државата Кинтана Ру, објавува „Мирор“. Ова не беше единствениот таков случај, бидејќи брак е регистриран и во Морелија, каде што разликата била само за нијанса помала од рекордот. Невестата имала 96 години, додека младоженецот имал 19 години, што е разлика од 77 години. На третото место се најде венчавката во општината Сикотенкатл, каде што разликата во годините отиде во спротивна насока - младоженецот имал 90, а невестата 18 години, што претставува разлика од 72 години.Тагови: Баба тинејџер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СветТалибанците вршат притисок врз Европа- ги користат мигрантите за постигнување на своите цели На крајот на јуни, во Брисел се одржа состанок кој би бил речиси незамислив за европската дипломатија пред само неколку години. Повеќе од 20 претставници на европските влади и пет претставници на талибанските власти во Авганистан седеа на иста маса. Темата на дискусија не беше положбата на жените, ограничувањата на човековите права или политичката иднина на Авганистан, туку враќањето на авганистанските граѓани од Европа. Според американскиот весник „Њујорк тајмс“, кој се повикува на учесниците на состанокот и дипломатски извори, европските претставници не го покренале прашањето за систематските кршења на човековите права за кои се одговорни Талибанците за време на разговорите. Ова откритие покажува колку се промениле политичките приоритети на Европа. Владите кои одбија да ја признаат легитимноста на Талибанците по нивното враќање на власт во 2021 година, сега бараат начини за директна соработка со нив. Причината е првенствено миграциската политика. Европските влади се соочуваат со зголемен притисок да го зголемат бројот на враќања на луѓе кои немаат право на престој, особено оние осудени за кривични дела. Сепак, таквата соработка има цена. Талибанците ги гледаат депортациите како можност за меѓународно признавање Талибанските власти се добро свесни дека на европските земји им е потребна нивна соработка за да ги спроведат депортациите. Авганистан, всушност, мора да ги прифати вратените граѓани и да учествува во издавањето на потребната документација. Според „Њујорк тајмс“, Талибанците ги користат преговорите за да постигнат многу пошироки цели. Меѓу другото, тие бараат поголем пристап до авганистанските дипломатски мисии во Европа, финансиска поддршка за реинтеграција на депортираните граѓани во авганистанското општество и поширока економска помош. Последното барање е особено проблематично за европските влади Европската унија досега во голема мера ја ограничи својата помош за Авганистан на хуманитарна поддршка за населението. Директното финансирање на развојни проекти преку талибанските власти би можело да ја зајакне нивната позиција и да обезбеди пристап до пари и претставници на режимот кои се предмет на меѓународни санкции. Затоа, Талибанците ги гледаат разговорите за депортација како можност за постепена нормализација на односите со Европа. Иако европските земји нагласуваат дека ова е чисто техничка соработка, а не дипломатско признавање, некои европски дипломати признаваат дека дури и ваквите контакти можат да придонесат за зајакнување на меѓународниот легитимитет на талибанските власти. Русија во моментов е единствената земја што официјално ја признала талибанската влада. Германија им дозволува на претставниците на Талибанците да работат Германија е најрешителниот застапник за директна соработка со Кабул. Владата на канцеларот Фридрих Мерц сака да го забрза враќањето на авганистанските граѓани, првенствено на оние кои се осудени за кривични дела. Кон крајот на минатата година, Берлин постигна договор со талибанските власти што овозможува директни депортации во Авганистан. Пред тоа, германските власти мораа да организираат враќања преку трети земји. Во февруари, чартер авион полета од Лајпциг за Кабул со 20 авганистански мажи кои беа осудени за кривични дела од страна на германските судови. Тоа беше првата депортација според новиот договор. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт го опиша договорот како основа за спроведување директни и долгорочни одржливи депортации во Авганистан. Според германското Министерство за внатрешни работи, Германија депортираше 263 авганистански државјани откако Мерц дојде на власт во мај 2025 година. Германските федерални и државни власти сега се обидуваат да го зголемат бројот на враќања. Тие исто така почнаа да депортираат авганистански мажи кои не се осудени за кривични дела, но немаат право на престој. За да се забрза процесот, Германија им дозволи на претставниците на Талибанците да извршуваат конзуларни работи во авганистанските дипломатски мисии во Берлин и Бон. Неколку претставници на Талибанците работат во земјата од мај минатата година, а властите неодамна испратија уште тројца службеници во Кабул за да помогнат во организирањето на депортациите во текот на еден месец. Според некои претставници на германската влада, таквата соработка претставува форма на фактичко признавање на талибанските власти, иако Германија официјално не ги признава како легитимна авганистанска влада. Повеќе од половина милион Авганистанци живеат во Германија Повеќе од 500.000 авганистански државјани живеат во Германија, од кои огромното мнозинство имаат редовен престој. Авганистанците сочинуваат околу една петтина од сите баратели на азил во земјата. Германската влада досега главно прави разлика помеѓу мажи и жени при депортирање луѓе. Жените, поради систематскиот прогон во Авганистан, генерално имаат поголеми шанси да добијат заштита. Така, во првата половина од оваа година, според официјалните податоци, заштита им е доделена на речиси 95 проценти од авганистанските жени кои поднеле барање за азил. Состојбата на жените во Авганистан останува една од најважните причини зошто европските земји одбиваат да ги признаат талибанските власти како легитимна влада. Откако повторно ја презедоа власта во 2021 година, талибанците драстично го ограничија пристапот на девојките и младите жени до образование, истовремено ограничувајќи ги можностите на жените за вработување, движење и учество во јавниот живот. Ова го поставува прашањето дали европските земји можат да соработуваат со властите чии постапки јавно ги осудуваат без да ги компромитираат сопствените принципи. Притисокот на AfD ја менува германската политика за миграција Заострувањето на германската политика за миграција е поврзано и со домашните политички околности. Алтернативата за Германија (AfD), која има висока поддршка во анкетите на јавното мислење и, според некои анкети, е на прво место меѓу германските партии, бара значително построга политика за миграција. Партијата, меѓу другото, се залага за масовно враќање на мигрантите и ја стави миграцијата во центарот на својата политичка програма. Владата на Мерц затоа се обидува да покаже дека може поефикасно да спроведува депортации и да ја ограничи нелегалната миграција. Меѓутоа, кога станува збор за Авганистан, таа се соочува со посебен проблем: за директно враќање на своите граѓани, мора да соработува со властите што Германија официјално не ги признава поради кршење на човековите права. „Талибанците имаат вистинска моќ. Европската Унија, од друга страна, е доста немоќна“, изјави за „Њујорк тајмс“ Конрад Шетер, директор на Меѓународниот центар за студии на конфликти во Бон. Според него, европските земји се под толку голем притисок што се подготвени да прифатат речиси секој договор што им овозможува да депортираат мигранти осудени за кривични дела. Франција, исто така, разгледува сличен договор Германија не е единствената европска земја што го промени својот став кон талибанските власти. Франција, која досега беше меѓу најрезервираните земји кога станува збор за директни преговори со Кабул, сега разгледува сличен пристап. Според четири европски и авганистански дипломати запознаени со разговорите, Париз истражува можности за соработка во врска со враќањето на авганистанските државјани. Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Паскал Конфавр, изјави дека целта на разговорите ќе биде да се олесни депортацијата на авганистанските државјани кои нелегално престојуваат во Франција и претставуваат закана за националната безбедност. Ситуацијата внимателно ја следи и Обединетото Кралство, чии претставници редовно го посетуваат Кабул. Според дипломатски извори, некои други европски земји, исто така, разгледуваат директни договори. Во меѓувреме, САД ги враќаат авганистанските државјани во трети земји, но, според „Њујорк тајмс“, сè уште не извршиле директни депортации во Авганистан. Организациите за човекови права предупредуваат на двојни стандарди Соработката на европските земји со Талибанците предизвика критики од организациите за човекови права. Ферешта Абаси, истражувач за Авганистан во „Хјуман рајтс воч“, укажува на контрадикција помеѓу осудата на режимот на Талибанците од страна на Европа и преговорите насочени кон враќање на луѓето под нејзина власт. „Европската унија не може веродостојно да го осуди систематското угнетување што го вршат Талибанците, а во исто време да преговара со нив за депортирање на Авганистанците во истите услови за кои треба да се бори“, рече таа. Од друга страна, европските влади инсистираат дека разговорите се ограничени на технички прашања и не претставуваат политичко признавање на талибанскиот режим. Тие исто така инсистираат дека имаат право да ги вратат државјаните на трети земји кои немаат дозвола за престој, особено ако претставуваат безбедносен ризик. Сепак, организациите за човекови права предупредуваат дека секоја депортација мора да го земе предвид и индивидуалниот ризик од прогон, тортура или друг нечовечки третман. Кој всушност има корист од оваа соработка? Пет години откако Талибанците се вратија на власт, европската политика кон Авганистан постепено се менува. За Талибанците, ова значи можност постепено да се трансформираат од меѓународно изолиран орган во соговорник без кого европските држави не можат да спроведат дел од нивната миграциска политика.Тагови: мигранти талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПолска компанија ќе гради статуа на Исус на Филипините од 207 метри, највисока на светот (ФОТО)Полска компанија претстави проект за изградба на статуа на Исус Христос висока 207 метри, која, доколку биде поставена, би можела да стане највисокиот споменик од ваков вид во светот.„Слипформ“, инженерска и градежна компанија со седиште во Шчечин, град во северозападниот дел на земјата, објави визуелни снимки од идната монументална зграда, објави ТВП Ворлд. Изведувачот сè уште не е избран Според планот, статуата би била изградена во покраината Илокос Сур, на северните Филипини, а проектот би можел да донесе нов технолошки пробив во изградбата на големи бетонски конструкции. За потфатот беше разговарано и за време на минатонеделната посета на полскиот претседател Карол Навроцки на главниот град на Филипините, Манила. Иако изведувачот сè уште не е избран, Slipform верува дека би можел да добие предност благодарение на иновативната градежна технологија што ја разви во 2023 година. Технологија развиена во Шчеќин „Проценуваме дека би можеле да го завршиме потпорното јадро на споменикот, изработено од армиран бетон и високо повеќе од 200 метри, за приближно 40 дена“, рече Даниел Кисала, извршен директор на компанијата. Тој додаде дека проектот ги демонстрира можностите што ги нуди технологијата развиена во Шчеќин. Предложениот градежен систем овозможува континуирана работа, 24 часа на ден, без потреба работниците постојано да ја расклопуваат и повторно да ја составуваат оплатата што се користи за обликување на бетонот. Таквиот пристап би можел да го скрати времето на изградба и да ја олесни изградбата на структура со извонредни димензии. Извонреден градежен потфат Slipform објавува дека подготвил концептуален дизајн и ги доставил своите предлози до филипинскиот инвеститор, чие име не е објавено во полските медиуми. Проектот моментално е во фаза на преглед и чека проценка и одобрување. Според плановите, за изградба на потпорното јадро би можеле да бидат потребни дури 27.000 кубни метри бетон. Оваа количина на материјал зборува за обемот на зафатот, кој, доколку се реализира, би претставувал извонреден градежен проект. Со планираните 207 метри, статуата на Исус Христос на Филипините би ги надминала постојните монументални негови претстави, вклучувајќи ги и спомениците во Бразил и Полска.Тагови: Исус Христос статуа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter