МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаСДСМ: Медиумски октпод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во МакедонијаАнтикорупцискиот тим на СДСМ во изминатиот период го разоткри и системот на пропагандата и медиумскиот октопод Алфа - Алта.Знам дека на многу професионални новинари не им беше пријатно да слушаат за свои колеги, но поинаку не можеше. Но, ние не ги изедначивме со сите новинари кои професионално си ја работат својата работа, кои никогаш не сме ги спомнувале, дури и кога го критикуваат СДСМ. Мораме да именуваме и дел од медиумите, за да се дојде до клучното: кои се сопствениците и која е политичката позадина. Станува збор за политички проект на ВМРО, за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан и преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и телекомуникациите. Унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис, Агнес Адамик и Петер Шац, блиски до Орбан, систематски купувале контролни удели во македонски телевизии и портали. Петер Шац, поранешен раководител за бизнис развој во Унгарската телевизија, е основач на неколку медиумски фирми во Унгарија, политички профилирани во корист на Орбан-базираниот медиумски наратив против политиките на ЕУ. Агнес Адамик ја напушти Унгарската национална телевизија во 2012 година и подоцна основа свои медиумски компании во Македонија што го следеа истиот модел на експанзија. „Target Media“ ДООЕЛ Скопје – основана во април 2017 година од Петер Шац, сопственик на 99 % од „CHS Invest Group“ со мнозинство удели во телевизијата Алфа ТВ. Исто така во 2017 година. „Adinamic Media“ фирма основана од Агнес Адамик во Македонија, која е на чело на група компании што контролираат повеќе веб-портали и онлајн медиуми: Прва Република, под сопствеништво на Republika – а од скоро и на порталот Пресинг.мк. ЕМ Медиа, сопственик на порталите Курир, Денешен, Економски и Вистина. Сетоа ова, фактографски го покажуваат и истражувањата на OCCRP и BIRN целосно го откриваат ова. Овие медиумски групации и структури служат како политичка алатка на ВМРО. Но и како канали за политичко влијание и идеолошка експанзија, поддржувајќи политички партии и наративи што ја поддржуваат агендата на Орбан. Затоа и Орбан ја поддржува ВМРО, се е поврзано. Во овој контекст мора да се гледа и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на унгарската компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор. Ова не е изолиран економски потег, туку дел од поширок политички проект. Проект во кој Мицкоски и ВМРО дејствуваат како локални извршители на стратегијата на Орбан: прво, за ширење на неговото политичко и бизнис влијание, и второ, за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите. Се создава мрежа на авторитарни влијанија која ја оддалечува Северна Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност. Не случајно, за овие појави реагираа и европратеници, а Европската комисија побара поголема транспарентност и спречување на опасна медиумска концентрација. Се што говори СДСМ се потврдува. Нашиот Антикорупцискиот тим ќе продолжи јавно да ги разоткрива овие шеми. Како што најавивме по нашата „Хроника на токсични наслови“ ќе се обратиме до сите меѓународни институции, вклучително и до ЕУ. Ова не е прашање на една политичка партите, туку прашање на демократијата во земјата, слободата во медиумите и европска иднина на државата. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Скопје, 26.01.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧаир доби 20 нови клупи за граѓанитеОпштина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08