„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
2„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
МакедонијаСДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од МицкоскиСите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи. Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници. Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит на ВМРО, здружение создадено и финансирано од страна на Христијан Мицкоски за да му обезбеди разбивање на единствената опозиција, да ги збуни гласачите и во последните две години да плука по опозицијата. Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“. Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето: Кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилствоВистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка.Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата - тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат. Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни. Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка. Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот. Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани. СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство - систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна. Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време. Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки. Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува. За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување. Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје. Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите. „Твоја држава – твоја шанса“. Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан – форум на жени СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025, Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силна поддршка за земјоделството.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители. Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година. Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија. За разлика од Владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДС и ДУИ исплатиле за 3 години. Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата. Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија. За разлика од времињата кога на власт беа СДС и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец. Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието. Македонија забрзува! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку пет лица се загинати во руски напади врз Запорожје и во источна УкраинаВо руски напад со беспилотни летала врз градот Запорожје во Украина во текот на ноќта, едно лице е убиено, а најмалку седум се повредени, објавија регионалните власти.Русија го нападнала градот на пет локации. Регионалната полиција соопшти дека руските сили насочиле десетици беспилотни летала „Шахед“ кон станбени области. Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека еден од нападите предизвикал пожар во трикатна зграда, заробувајќи ги станарите внатре. Поради заканата од постојани напади, спасувачите биле принудени неколку пати да се засолнуваат, а дури наутро успеале да интервенираат на пожарот.властите велат дека во нападот биле оштетени и други цивилни објекти, вклучувајќи домови и дел од зградата на националниот универзитет во Запорожје. Полицијата информирше дека едно лице било убиено кога дрон го погодил неговиот автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook