СДСМ: Максим Димитриевски од ЗНАМ – политика како приватен бизнис - Канал 5

СДСМ: Максим Димитриевски од ЗНАМ – политика како приватен бизнис

Во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ никој не живее од плата тоа веќе сите го знаат.

СДСМ: Максим Димитриевски од ЗНАМ – политика како приватен бизнис

Максим Димитриевски од ЗНАМ јавно си призна дека не живее од плата.

Додека работниците се борат за зголемување на минималната плата за да имаат за леб, власта на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ужива во луксуз.

Се купува нов мебел, службени коли, уживаат во луксузни патувања, се гоштеваат со папаја, манго, дури и нов владин авион се планира.

Исто како Груевски со очилата и мерцедесот, така Мицковски со часовниците од 65.000 евра.

Тендерската коалиција живее на грбот на граѓаните.

Тендери за ортаците на Мицкоски и Максим Димитриевски. 161 тендер за еден ортак на Мицкоски, 1,2 милиони евра за друг ортак на Максим преку Пошта, 52 тендери за трет...

Народот гладува, а тие живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби.

Со ваква политика на приватен бизнис за тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.

Истата приказна на Максим како со Мицковски.

За нив политиката е само приватен бизнис.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обид за атентат врз Зеленски?

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, велејќи дека инцидентот ја одразува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.

Обид за атентат врз Зеленски?

„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и „остава длабок впечаток“.

„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.

Зеленски пристигна од Молдавија во Осло синоќа за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својата канцеларија утрово.

Сторе рече дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

 Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и  Чучер-Сандево

Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.

Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.

Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.

Исто како елитата на СНС.

Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.

Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.

Повеќе ниту се кријат.

За поголема минимална плата – ниту збор.

За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.

За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.

За реформи – ниту збор.

Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.

Ова е отворено презирање на сопствениот народ.

Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.

Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер