СДСМ: Ковачевски успешно се справи во енергетската криза, извезуваме струја во јануари

Државата успешно се справува со енергетската криза благодарение на навремените и ефикасни мерки на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Она што беше ветено во септември се испорачува во текот на сите месеци кои се зад нас и во текот на овој месец. Обезбедена е сигурна испорака на електрична енергија за сите, како и ценовна стабилност на струјата.

Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.

Никој не претпоставуваше дека државата ќе продава вишоци на електрична енергија во најкритичниот месец – јануари, но тоа се оствари.

Истовремено цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките и посветена работа за менаџирање со последиците на најголемата глобална енергетска криза.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки

Професор д-р Атанаско Тунески:  Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки кои тоа ќе го овозможат.

Денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која професор д-р Атанаско Тунески зборуваше за мерките во енергетиката што се предвидени во програмата на Движењето „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори.

Професор Туневски рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самојстојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.

„Најважните цели во делот за енергетиката од програмата “Проглас за достоинствена Македонија” се:

1. Изградба на 2 гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027, во државна сопственост,

2. Почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост, со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна 4 месеци по формирањето на новата Влада,

3. Избор на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна 2 години по формирањето на новата Влада,

4. Завршување на изградбата на гасоводите: Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција, со што со гасоводна мрежа ќе биде покриено околу 70% од населението во Македонија,

5. Зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30% во однос на 2023-та година,

6. Намалување на трошоците за производство на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25% во однос на 2023-та година“, рече професор Туневски.

Тој нагласи дека реализацијата на овие цели ќе овозможат енергетска независност на Македонија преку сериозно зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост.

Туневски додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија обезбедува максимум за Македонија преку максимум во енергетиката во Македонија.

Сектор за односи со јавност

Арсовска со делегација на Град Скопје оддадоа почит пред споменикот на Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска заедно со делегации на претставници од скопските јавни претпријатија, гости и дипломати, оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

Делегациите оддадоа почит на македонскиот великан кој остави траен печат во македонската историја, со својата пожртвуваност, несебична љубов кон татковината и жртвата за слободата на Македонија, која за сите е трајна инспирација за храброст, солидарност и истрајност во борбата за градење на подобра иднина за сите.

Вечна му слава!

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Бајден изјавил дека Јапонците се ксенофоби, реагира Токио

Јапонија денеска оцени дека зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој азискиот сојузник го опиша како „ксенофоб“, како Кина и Русија, се жалосни и погрешни.

Бајден на состанокот за кампањата во средата рече дека сојузниците Јапонија и Индија и ривалите Кина и Русија се во неволја поради нивното одбивање да примат имигранти.

„Зошто Кина е толку во економска стагнација? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти“, рече американскиот претседател, според извештаите на печатените медиуми објавени во четвртокот. Како одговор, јапонската влада денеска објави дека е „за жалење што беа дадени коментари кои не се засноваат на точно разбирање на јапонската политика“.

Забелешките на Бајден дојдоа помалку од еден месец откако тој беше домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида на гала вечера, што е ретко прикажување на политичка наклонетост. Белата куќа брзо се обиде да ги ублажи неочекуваните критики на американскиот шеф на државата кон Јапонија.

„Ставот што претседателот го бранеше, и мислам дека луѓето ширум светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, објасни во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Токио покажа дека го слушнал ова појаснување. „Го забележавме објаснувањето од американската влада дека овие коментари не се дадени со цел да се поткопаат важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се вели во соопштението.

притисни ентер