СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство - Канал 5

СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство

Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство

Бране Петрушевски, кој не знае ништо друго освен да држи прес-конференции и да глуми опозиција, треба да знае дека сите судии кои денес се дел од судскиот систем се од „тефтерчињата“ на неговите партиски поранешни функционери.

Петрушевски треба исто така, да ѝ каже на јавноста дека токму ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ, донесе закон со кој се намалија казните. Добро познатиот Михајло Маневски го донесе тој закон. Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да молчи и да не глуми загрижена опозициска партија.

За речиси цела година, колку што се на власт, од реформи во судството досега успеаја само да изберат сопруга на нивен градоначалник во Судскиот совет и баџанак на нивниот партнер Изет Меџити за судија. Тоа се реформите на ВМРО-ДПМНЕ во судството.

Цела година Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту една реформа и нема донесено ниеден реформски закон. Цела година Петрушевски само држи партиски прес-конференции, се заканува од говорница, а неговата Влада нема реализирано ништо по ова прашање.

СДСМ и Филипче се први кои побара реформи во судството и први понудија поддршка за носење реформски закони за европско судство. Очигледно, само Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат интерес за промени, бидејќи им одговара темата за да држат партиски прес-конференции.

За крај, Бране Петрушевски треба да одговори: како тоа прво не им одговараше јавниот обвинител и обвинуваа дека бил човек на СДСМ, а сега одеднаш им одговара? Како тоа Мицкоски беседеше и се закануваше дека ќе ги распушти сите судски институции, а потоа се повлече?

Затоа, Бране нека одговори конкретно на овие важни прашања и нека сфати дека се на власт и дека пред себе имаат јасна агенда за реформи – која не ја спроведуваат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада.

Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада

Во контекст на тоа вели тој оди и брзото приведување на сторителот. Инцидентот претходно најостро го осудија од македонската влада и го оценија како недозволив и вандалски чин, рекоа дека секој обид за предизвикување тензии и ширење омраза ќе биде максимално санкциониран. Тошковски најави дека обвинителството ќе го води случајот како приоритетен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Украински дрон ја проби одбраната на Москва, гори рафинерија

Вонредна состојба на аеродромите, украински дрон ја оштети московската рафинерија за нафта, објави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. 

Видео: Украински дрон ја проби одбраната на Москва, гори рафинерија

„Во текот на изминатите 24 часа, нападите на непријателските дронови врз Москва продолжија. Едно од дроновите оштети објект на територијата на Московската рафинерија за нафта.

Немаше жртви“, напиша Собјанин на платформата Max, пренесува РИА Новости.

Седиштето на Министерството за вонредни ситуации во Москва потоа објави дека пожарот на територијата на компанијата е локализиран и дека ситуацијата е под контрола.

Собјанин рече дека од почетокот на денот, системите за воздушна одбрана собориле 60 дронови што летале кон градот.

Аеродромите Домодедово, Шереметјево и Внуково привремено воведоа ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, според руската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јошко Гвардиол останува во Манчестер Сити

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол дефинитивно решил да го одбие Реал мадрид и да остане верен на Манчестер Сити до 2031 година.

Јошко Гвардиол останува во Манчестер Сити

Јошко Гвардиол останува во Манчестер Сити. По месеци шпекулации за можен трансфер во Реал Мадрид, хрватскиот репрезентативец стави крај на сите гласини и потпиша нов договор со англискиот гигант.

Веста прв ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, кој потврди дека договорот е склучен и дека Гвардиол ќе остане на „Етихад“ до летото 2031 година.

Раководните луѓе на Манчестер Сити одлучија да го наградат хрватскиот дефанзивец со подобрени финансиски услови, сметајќи го за еден од најважните играчи на клубот за сегашноста и иднината.

Откако пристигна во Манчестер Сити во 2023 година, Гвардиол прерасна во еден од најпочитуваните дефанзивци во европскиот фудбал.

Неговата способност да игра како централен и лев бек, како и сигурноста при изнесување на топката од својата половина, го направи важен дел од системот. Новиот спортски директор Уго Вијана и тренерот Енцо Мареска наводно инсистирале клубот што поскоро да го заврши продолжувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер