СДСМ: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните кои институциите не ги евакуираа? - Канал 5

СДСМ: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните кои институциите не ги евакуираа?

Повеќе од 500 илјади жители на Скопје и околината, граѓани, деца, мајки, болни и возрасни, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево.

СДСМ: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните кои институциите не ги евакуираа?

Олово, арсен и кадмиум во концентрации дури 12 пати над дозволеното имало во воздухот, а власта молчеше. Наместо да алармира, да преземе итни мерки, препораки и евакуација, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема и не мрдна со прст.

Со тоа, власта свесно го загрози здравјето и животот на луѓето.

Кој ќе одговара за ова труење на граѓаните?

Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Мора да има итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот на граѓаните.

Оставки веднаш од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија досега не видела понеодговорна и кукавичка власт од оваа на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се соочи со кризите, таа калкулира, минимизира и со лаги се обидува да си го спаси рејтингот, додека граѓаните плаќаат со сопственото здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

Нападот се случил  вчера околу 22:30 часот по локално време синоќа пред зграда во северен Белфаст. 

Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува напаѓачот како се обидува да ја отсече главата на жртвата.

По страшниот инцидент со нож кој предизвика шок и осуда низ цела Северна Ирскасега властите стравуваат од големи немири во Белфаст.

Некои на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Елон Маск, ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против мигрантите, објавува Гардијан.

Инаку неколку мажи се обиделе да го спречат напаѓачот, дури еден од нив со дрвена палка го удирал.

Нападнатиот маж, кој е во четириесеттите години, заврши во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како сериозна. Тој добил сериозни повреди на лицето, вратот и грбот.

Полицијата соопшти дека уапсениот маж, за кој првично се верувало дека е од Сомалија, всушност бил Суданец во триесеттите години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието

Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба.

СДСМ: Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието

Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување.

Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа мерки кои директно ги поддржуваа малите земјоделци, лозарите и оризопроизводителите.

Земјоделците не се соочуваат само со намалени, туку и со неисплатени субвенции.

Илјадници сточари, житопроизводители, градинари и други производители сè уште ги чекаат средствата кои им следуваат, додека производните трошоци секојдневно растат.

Во меѓувреме, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти. Тоа е директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

Сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и поради намалените откупни цени на млекото. Млекарниците во повеќе наврати ги намалија откупните цени, а Владата остана нем набљудувач.

Житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена и без исплатени субвенции.

Лозарите се оставени во неизвесност поради непочитување на законските обврски за утврдување на производна цена на грозјето. Оризопроизводителите останаа без значајни мерки за поддршка, а цената на оризовата арпа е драматично намалена.

Дополнително, Владата ги поништи повиците за набавка на трактори, механизација и друга опрема преку Програмата за рурален развој. Укинати се или стопирани мерки кои со години им помагаа на земјоделците да инвестираат и да го модернизираат своето производство.

На сето ова се надоврзуваат и сериозните корупциски скандали во секторот. Јавноста беше сведок на скандалото со ИПАРД програмата и митото од 50 илјади евра.

Затоа политичката одговорност не смее да се избегне и СДСМ поднесе интереплација за Цветан Трипуновски.

Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието.

Скопје, 10.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува

На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет.

Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок.

Затоа граѓаните ги испратија СДС во опозиција, и неколкупати на избори им ја повторија пораката. Затоа што знаат дека на СДС не им е важна ниту државата, ниту народот, ниту идентитетот, ниту јазикот, ниту името. Нив ги интересира само власт, пари, моќ, амнестија.

Бугарија ја ветоизира Македонија на евроинтегративниот пат, а Филипче постојано се усогласува со ставовите на бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова.

Па така, Венко Филипче како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија, му се додворува на премиерот на Бугарија, Румен Радев, со некаква цел и замисла да дојде на власт.

Доколку Филипче и СДС би биле власт веднаш би прифатиле секакви национални отстапки и повторно би ја обезличиле Македонија, како што тоа било правено наназад секогаш кога СДС е на власт.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер