СДСМ ќе кани странски обвинители да ја спасуваат Македонија од криминал и корупција - Канал 5

СДСМ ќе кани странски обвинители да ја спасуваат Македонија од криминал и корупција

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја повика главната европска обвинителка Лаура Ковеши да ги расчисти скандалите со европските фондови посебно со ИПАРД програмата. 

СДСМ ќе кани странски обвинители да ја спасуваат Македонија од криминал и корупција

Апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој пред еден месец од партијата претходно го посочија како конкретен сигнал за корупција од страна на власта и најавија дека ќе се обратат до Европското јавно обвинителство. Според Филипче со вклучувањето на Ковеши целосно ќе се расчисти случајот.

-СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија. Лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно, ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Наместо да има одговорност после апсењето на директорот, член на ВМРО ДПМНЕ, директор во Агенцијата за финансиска поддршка, член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Но фактите се јасни, се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија, ИПАРД фондовите, и тоа луѓе, членови на ВМРО ДПМНЕ, блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Со вклучувањето на Лаура Ковеши овој скандал очекуваме целосно да се расчисти и да се осигураме повторно да се случи,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Филипче најави дека утре ќе продолжи со т.н бомби за наводни корупциски шеми, а информираше и дека во рамки на партијата е фромиран антикорупциски тим од експерти и млади истражувачи кои ќе ги анализираат документите и ќе поднесуваат пријави до домашните и меѓународните институции.

-Ќе поднесеме иницијатива во антикорупциските институции во Италија, коишто со години, децении се бореа против најорганизираната европска мафија Коза Ностра. Ако тие се справија со Коза Ностра, можеме и ние тука да се справиме со оваа мафија на ВМРО ДПМНЕ,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак со одговор на прес конференцијата на Филипче – тој и СДСМ се последните кои имаат право да зборуваат за борбата против корупцијата.

-СДС нема никаков кредибилитет да говори за борбата против корупција. Главниот извор на криминал во државата се токму тие, нивните кадри, нивните мрежи, и системот на злоупотреби и делови од обвинителството кои ги штитат. Овој настап на СДС односно на Филипче е уште едно политичко харакири. Обид да се испере нешто што не се пере, ниту во топла ниту во ладна вода,- изјави – Валентин Манасиевски – ВМРО ДПМНЕ.

Првиот, како што го нарекоа од СДСМ, скандал што го отвори опозицијата минатиот викенд беше во врска со фирма со двајца вработени, формирана лани во август, која за 6 месеци годинава добила 6 тендери вредни скоро 9 милиони евра, од кои 4 од Генералниот секретаријат на Владата.. Дали има нешто спорно во овој случај, по пријва од СДМС ќе треба да провери Антикорупциската комисјиа...

Наспроти обвинувањата на опозициската партија, од ВМРО ДПМНЕ пак деноввие бараат истрага за отписот на 2 илјади тони пченица, кој според партијата бил правен со одобрување на Заев, Филипче и тогашнито министер за земјоделие Николовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер