СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик? - Канал 5

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот јазик.

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

На официјално обраќање, Вицепремиерот Арбен Фетаи, одби да одговара на македонски јазик. Со ладнокрвност порача дека „уште не бил спремен на македонски“. Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски.

А од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молк. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност.

Прашањето е едноставно: за ова ли на Мицкоски му требаа 58 пратеници? За уште поголемо непочитување на македонскиот јазик и институциите?

Ова не е изолиран случај. И други функционери од албанскиот блок во Владата на Мицкоски не се обраќаат на македонски и не одговараат на медиумите. А ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо.

Во јуни имаше сличен случај, Мицкоски излезе и кажа дека ако се повтори уште еднаш ќе биде разрешен директорот кој тогаш одби да зборува македонски јазик.

Ќе го разреши ли Мицкоски сега Фетаи?

Или функционерите од власта се недоприливи?

Уште колку пати Мицкоски ќе каже нешто па ќе го порече?

Законот за употреба на македонскиот јазик, донесен во 2024 година, предвидува и санкции за неупотреба на македонскиот јазик.

Казни од 1.500 до 3.000 евра за непочитување на употребата на македонскиот јазик има, ама нема кој да ги напише.

Прашањето е зошто? И дали намерно не се формираше Инспекторатот за ова самоволие на функционерите од власта вака да поминува.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на сето ова се прават глуви и слепи, како ништо да не се случува.

Се колнеа во „македонштина“, се бореа против француски предлог и „асимилација“, а денес не можат ни да обезбедат почитување на македонскиот јазик во сопствената Влада.

Ова е суштината на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски. Едно зборуваат, друго прават. Се колнеа во „патриотизам“, а денес македонскиот јазик – темел на нашиот идентитет – е понижен токму во Владата која тие ја водат.

СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на ова непочитување. Нема да дозволиме ниту молкот на Мицкоски, ниту ароганцијата на неговите коалициски партнери да ја избришат должноста на сите функционери да го почитуваат македонскиот јазик и граѓаните.

Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. 

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута.

Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер, Албин Курти, беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на собранието на Косово. 

Албин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)

Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тиме Кадријај го гаѓаше со јајца.

Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.

Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.

Се судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)

Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден.

Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци.

Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер