Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
2Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
МакедонијаСДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на ВладатаКасно е признанието на Мицкоски дека Владата му е катастрофа. Штетите што ги направи за неполна година се непоправливи, а иднината на граѓаните и нивниот стандард се уништени.Владата на ВМРО-ДПМНЕ за десет месеци, како ураган, ја уништи економијата, го срози стандардот и ги закопа перспективите. Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Не реализираа ниту еден проект, туку сѐ уште отвораат инвестиции на СДСМ и се сликаат гордо пред успесите на минатата влада. Мицкоски не е ни свесен каков гнев и незадоволство постои меѓу граѓаните од неговите политики, а изненадувањето ќе го дочека на изборите. Разбирливо е дека ќе мора да ги убедува граѓаните и најавува големи победи, затоа што е свесен дека задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку 13 жртви во украински напад на руската Република ТатарстанНајмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти. Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар. Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕрупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во КатанијаВисоката вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот. Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз. Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter