СДСМ: Кандидатката на Груевски е иста како него,Данела е против покачување на минималната плата

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска е иста како нејзиниот ментор Никола Груевски, се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ. 

Додека минималната плата постојано растеше, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска беа против секое ново покачување.

За Арсовска зголемувањето на минималната плата било вештачко, ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, а економијата тоа не можела да го поднесе.

Арсовска, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, без срам и перде се обрати на „Текстилијада" да зборува за работнички и женски права.

Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа под законскиот минимум, односно под 9.000 денари.

Во изминатите четири години СДСМ минималната плата ја покачи за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.

Со ревитализација на економијата и успешното надминување на последиците од коронакризата, намерата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари.

Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година.

Денес, фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9%.

Арсовска се грижи само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.

Затоа на 17 октомври ја чека убедлив пораз и казна од граѓаните за нејзиното арогантно и антинародно однесување.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер