СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено? - Канал 5

СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на реализација на договореното враќање на Груби. Сѐ е дел од однапред смислено сценарио, политички дил.

СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби освен ако не е сѐ наместено?

Како однапред знаат, па уште и најавуваат од партиска говорница на ВМРО-ОКГ?

Дури и листа на имиња имаат кои што Бране Петрушевски ги објавува.

Исто како што портпаролката на Владата, Митева, јавно, на телевизија кажа дека предвреме знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски.

Однапред им е договорено.

ВМРО-ОКГ тонат сѐ подлабоко во сопствените лаги бидејќи не знае како да се оправда, разоткриени се, причитани се, не им поминува веќе.

Театарот започна на граница, со очила, насмевка, камер, само уште црвен килим недостасуваше и Мицкоски да го пречека Груби. Имало безбедносна проценка, па немало. Дале МВР и АНБ, па не дале. Имало странски служби, па немало. Циркус.

Секој ден излегуваат со нова верзија, нов спин, нова лага преку нивните медиуми под контрола на Орбан.

Наместо да се занимаваат со подобар стандард на граѓаните, тие се занимаваат со црна кампања и бесмислена пропаганда, за да ги прикријат сите неуспеси на оваа криминално-коруптивна тендер коалиција што ја води државата.

Тоа е капацитетот на ВМРО-ОКГ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија: Ги поддржуваме преговорите меѓу Иран и САД

Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи.

Русија: Ги поддржуваме преговорите меѓу Иран и САД

Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Известија“.

Лавров: Вашингтон е одговорен за тензиите

Шефот на руската дипломатија смета дека Вашингтон, иако ги препознава тензиите со Иран и е загрижен за ситуацијата, всушност не знае како да ја реши. „Секако, тие самите се првенствено одговорни за оваа ситуација“, додаде Лавров.

Важноста на дијалогот и медијацијата

„Сепак, без оглед на тоа, ние целосно ги поддржуваме преговорите што се водат на еден или друг начин меѓу официјалните лица во Вашингтон и Техеран со медијација на Пакистан“, нагласи тој.

Лавров спомена дека Саудиска Арабија и Египет исто така се обидуваат да придонесат во процесот. „Многу е важно овие дијалози да продолжат“, рече тој. Како заклучок, тој повтори дека „секој постигнат договор мора да ги земе предвид интересите на Иран и неговите соседни земји“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност

ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам.

ВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност

За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска.

ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина.

Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани.

Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци.

ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат.

Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност.

Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа, рече на прес конференција, Шабан Алајбегу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македон освои уште еден златен медал, најдобар меѓу 57.000 натпреварувачи

Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот.

Македон освои уште еден златен медал, најдобар меѓу 57.000 натпреварувачи

Голема гордост за нашиот Македон!

Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, потоа постигна највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници.

Како врв на овој огромен успех, Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот

Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Mакедон– продолжи да блескаш!, објави на ФБ татко му на Македон, Владимир Димитровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер