3И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
МакедонијаСДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциитеМицкоски повторно лаже, се расфрла со лажни бројки за некакви големи успеси во земјоделството. Тоа најдобро го знаат земјоделците, колку и да сака да ги изврти, вистинските бројки го разобличуваат секој обид на Мицкоски да манипулира со реалната состојба во земјоделството и загубите што ги трпат земјоделците овие две години. Податоците на Платежната агенција за сумите за исплатата на субвенциите се јавно објавени и достапни. Вистината е дека Владата на СДСМ во периодот од 2021 до крајот на мандатот има исплатено вкупно 30 милијарди денари субвенции од Програмите за директни плаќања и за рурален развој. Владата на ВМРО-ОКГ од почетокот на мандатот до денеска исплатила 15 милијарди денари, што е двојно помалку. Значи ниту половина! Ова се податоци од годишните извештаи на Платежната агенција, јавно објавени, достапни за секој кој сака да ја знае вистината. Ајде да ги видиме бројките за тутунот. Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. Во 2023 година, во време на СДСМ, беше 365 денари, а во 2024 година, исто така во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата изнесуваше 100 денари, која ВМРО ја намали. Значи, во време на СДСМ цената на тутунот порасна за повеќе од 100%, а во време на ВМРО само ниту за 10%. Фатен во лага, Мицкоски се обидува да го сокрие хаосот со исплатата на субвенциите со наводна исплата на стари долгови. Вистината е дека во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции ги оставија полјоделците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп. За какво партнерство зборува Мицкоски и со кое лице им се обраќа на земјоделците? Земјоделците не сакаат криминалец за партнер, кој гледа само како да скрати од нив и да зграби повеќе за своите луксузи и криминални тендери. Мицкоски нека одговори зошто земјоделците денеска добиваат двојно помалку субвенции отколку за време на СДСМ и зошто доцни исплатата? Вистината и реалноста е дека тој и неговата криминална организација ВМРО го доведоа земјоделството до колапс. Мицкоски нема пари за земјоделците. Пари има само криминални тендери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско селоЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство. Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства. На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата. Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети. -Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски. Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици. Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 августПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка.„Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места мало и големо коњари и мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од поднесените барања се проценети. Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од општинскиот совет за потоа да биде доставен до владата која го дава крајниот збор за процентот на обесштетување на земјоделците – објаснува Карапеески. Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти.Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЗдравјеРекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 денНаучниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор. Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација. Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си. Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор. Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација. Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации. Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување. Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе. Фото: Marion Streiff from PixabayТагови: бубрег свиња Трансплантација човек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook