СДСМ: Извршителот Мицкоски промовира веќе реализирани проекти од СДСМ кои според негово признание се Мега проекти

Вистинско лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години водеше погубни политики на тема енергетика и екологија денес да заборува на овие теми , реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски. 

Денес, немајќи што да понуди извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, промовира проекти на СДСМ кои се спроведуваат и кои според неговото признание се Мега проекти во енергетиката.

Токму кога Христијан Мицкоски, беше советник на Никола Груевски за енергетика и директор на АД ЕСМ (ЕЛЕМ), во државава се случуваше вистински пустош во енергетиката .

ВМРО-ДПМНЕ ако знаеа како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади што беше редовна пракса за време на нивното владеење.Наспроти нивните погубни политики кои цели 11 години ја чинеа многу скапо и државата и граѓаните, за само 2.5 години СДСМ со исправни и домаќински политики покажа како се водат вистински енергетски политики.

Потврда за тоа е и прогласувањето за шампиони по реформи во енергетската политика од страна на Енергетската заедница.Од 2006 до 2016 година ВМРО ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за сите потрошувачи за 100%.Од 2016 до 2019 СДСМ ja намали и стабилизираше цената на струјата.Денес, повторно имаме евтина тарифа на струјата.ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата.

Еве две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.Зголемено е домашно производство на струја.Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.

Денес, ЕСМ/ЕЛЕМ не купува електрична енергија. ЕСМ продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

ЕСМ денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат за потребите на граѓаните.

10 милиони евра од овие средства оваа сезона ќе бидат вложени за 10.000 семејства да добијат еколошки инвертери за борба против аерозагадувањето.Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и другиф фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.

Денес, Цената за приклучок за броило е намалена од 500 на 370 евра.Со години, за обичен приклучок на електричната мрежа се плаќаа 500 евра, од оваа година за прв пат цената е намалена за 26% и изнесува 370 евра.Со намалување ДДВ-то од 18% на 5% на сметките за парно греење, остануваат повеќе пари во семејните буџети на граѓаните, а овој еколошки начин на греење станува подостапен за нови корисници.

Граѓаните кои не користат парно греење денес не плаќаат.Во време на ВМРО-ДПМНЕ и исклучените од парно мораа да плаќаат. Ние тоа го запревме и овозможуваме услови граѓаните повторно да се вратат да се греат на овој еколошки начин на , по прифатлива цена.

Во тек е интензивна гасификација на Македонија.

Инсталирани и изградени се 101 км цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Кавадарци –Прилеп - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74%. Денес, целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција. За ова добивме европски грант од 13 милиони евра. Мицкоски и Груевски, 11 години инсистираа на целосна зависност од рускиот гас.

108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети. Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а ЕСМ се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати од сопствени средства . Исто така, во тек е на оваа фотоволтаична електрана со 100 Мефавати –проект кој е пример во регионот ,честопати споменуван од Енергетската заедница.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фотоволтаични електрани, за кои ние граѓаните 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата. ВМРО-ДПМНЕ повторно во отсуство на свои идеи копираат идеи кои СДСМ веќе ги применува со доаѓањето на власт. Во таа насока се и енергетски ефикасните фасади, проект кој функционира и граѓаните имаат придобивки од него.

Гасификацијата имаме и во здравството. Изминативе 2 години гасифицирани се клинички центар и болницата 8 ми септември.Во соработка со канцеларијата на ЕУ во тек е проект за гасификација на сите болници во државата (Битола,Охрид,Кичево,Прилеп,Тетово),а болниците во Куманово и Струмица се приклучуваат на локалната гасоводна мрежа.

Во однос на загадувањето ,СДСМ воведе бројни мерки и проекти со цел справување со оваа проблематика која со години беше игнорирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму СДСМ започна со замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, замена на старите и нееколошки автобуси на ЈСП со нови 33 еколошки автобуси во Скопје, 4 автобуси на метан во Прилеп од страна на општината, ЕСМ и општина Битола нови 6 автобуси. Потоа, субвенции, за инвентори, за велосипеди и електрични тротинети како алтернативен и еколошки начин на превоз.Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува на овие две теми.

Ако извршителот Мицкоски мисли нешто ново да им понуди на граѓаните, тоа и нека го направи. Мерки и проекти на СДСМ кои денес функционираат да не копира.

Затоа граѓаните ќе ги поразат ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски..

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер