Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија
1Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија
МакедонијаСДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер. Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација. Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи. Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја разоткриваат вистинската слика за неработењето на новата власт во однос на ЕУ интеграциите, односно има јасен овик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност. СДСМ уште еднаш апелира до власта да прекине со политички манипулации дома и да престане со надворешна политика водена од дневно-партиски калкулации. Дипломатијата не е театар за домашна употреба, а цената на ваквите авантури ја плаќа целата држава. Ова не е само пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ова е нов аларм дека европскиот пат е сериозно загрозен со оваа власт. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
МакедонијаВладата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија. Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите. Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи. Влада на РМТагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД и Иран постигнаа мировен договор – во петок ќе биде потпишан во ЖеневаЗатворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САДЗатворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САД – Вашингот и Техеран, со посредување на Исламабад, постигнаа прелиминарен договор по три и пол месеци да стават крај на војната, кој ќе го официјализираат в петок во Швајцарија. Договорот ќе донесе мир и безбедност во регионот, нешто што многу претседатели на САД се обидоа да го постигнат, но потфрлија, порача претседателот Трамп, кој додаде дека „нафтата повторно ќе почне да тече“. -Лидерите во регионот за прв пад најдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отврањето на Ормускиот Теснец по потпишувањето на договорот во петок, со цел да се отстранат мините, нафтата повторно ќе тече на двата краја од регионот и во светот,- Доналд Трамп. Сепак, најтешките теми се оставени за 60 дена примирије, каде ќе следува нова рунда на преговори за најчувствителните прашања – Иранската нуклеарна програма, санкциите од САД и замрзнатите средства на Техеран. Според САД, договорот е доказ дека Иран е принуден на ограничувања – земјата од Блискиот Исток пак истиот го претставува како дипломатска победа, оти според тамошните власти, Техеран ги зачувал клучните позиции и го приморал Вашингот да седне на маса. -Непријателот беше принуден да побара прекин на огнот и преговори, а сега ние сведочиме на нацрт – договор во кој сите наши позиции, како и важните прашања кои ги сметаме за неопходни, се вметнати. Како и да е, она што беше поврзано со обврските на Иран се спроведуваат и ќе бидат спроведени. Другте одредби од меморандумот за разбиаре ќе произлезат од формалното потпишување на меморандумот во петок,- - Казем Гарибабади – Заменик министер за надворешни работи на Иран. Поголемиот дел од светските лидери, вклучувајќи ги и ОН го поздравија договорот – Потпретседателката на ЕК, Каја Калас кажа дека истиот е добредојден и денеска ќе биде тема на дискусија со министрите за надворешни работи, а ЕУ се нуди да даде своја експертиза во неговата реализација. Бевме во контакт со Иран, но и со партнерите од Заливот, исто така и со нашите американски колеги да понудиме помош, бидејќи имаме експертиза кога станува збор за нуклеарни преговори, на пример. Наспроти ова, Тел Авив со многу „поладен“ став – според нив договорот е недовршен и потенцијално ризичен компромис. Децидно порачаа, не се повлекуваат од Либан и дека го задржуваат правото на самостојна воена акција, но и на жесток одговор доколку Иран повторно посегне да зајакнува нуклеарно – став кој го потврди и амбасадорката на Израел во Македонија, при нејзината посета. Ормускиот теснец кој почна да се отвора, но е се уште далеку од нормализација, веднаш доведе до поместувања на берзите. Нафтата од типот Бренд е со пад од 4% и тримесечен минимум од 84 долари по барел. Пред да започне конфликтот, беше 75 долари.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВелика Британија ги забранува социјалните мрежи за лица под 16 годиниБританскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните мрежи.Стармер истакна дека социјалните мрежи ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој. Стармер објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58