СДСМ: Ист авторитарен модел, контрола на медиуми, лажни афери и манипулации: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски - Канал 5

СДСМ: Ист авторитарен модел, контрола на медиуми, лажни афери и манипулации: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски

СДСМ алармира - истата мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација која со години ја одржува ВМРО-ОКГ, се злоупотребува во Унгарија, Србија, Словенија.

СДСМ: Ист авторитарен модел, контрола на медиуми, лажни афери и манипулации: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски

Сега е директно вклучена и во најновиот скандал со лажни вести за „експлозиви во Кањижа“.

Според истражувачките извештаи на OCCRP, BIRN, и други, унгарскиот бизнисмен Петер Шац, близок до Орбан, и неговите компании (CHS Invest, Target Media Group и други) контролираат 40% од медиумскиот простор во Македонија.

Сите целосно ставени во служба на ВМРО-ОКГ и нивните бизнис интереси.

Истата мрежа, преку истиот Шац, контролираа и медиуми во Словенија кои директно ја поддржуваат партијата на Јанез Јанша (SDS).

Денес, унгарските медиуми блиски до Орбан шират приказна за „руско сценарио“ и „напад врз унгарскиот суверенитет“ со наводни експлозиви во Србија.

Оваа приказна доаѓа токму во финалето на изборната кампања во Унгарија и се толкува како дел од лажна операција (false-flag) за создавање паника и евентуално одлагање на изборите.

Во неа е директно вклучен и Александар Вучиќ со својата СНС – сестринска партија на ВМРО-ОКГ во регионот.

Ова е истата шема која ја гледаме со години во Македонија: лажни афери, пласирање на страв, анти-ЕУ пропаганда и напади на СДСМ преку медиумите кои ги контролираат луѓето на Орбан, како да се одржи ВМРО-ОКГ на власт, покрај катастрофалната политика.

Во Словенија: истите медиуми (Nova24TV) и истиот Шац, плус ангажирање на израелски фирми за приватно обавештајно делување (како Black Cube) за снимање и ширење на лажни скандали против противниците на Јанша.

Во Унгарија: Орбан директно ја користи оваа мрежа за домашна пропаганда и за извоз на својата идеологија.

Во Србија: Вучиќ и СНС се дел од истата „авторитарна оска“ која ги користи истите методи – контрола на медиуми, лажни вести и создавање на непријатели за да се задржи моќта.

Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски не се случајни сојузници.

Тие користат ист принцип на владеење - купување или контрола на медиуми преку прокси компании, пласирање на лажни вести и афери, создавање на атмосфера на страв и непријателство кон ЕУ и демократијата, за да ја одржат својата власт на сметка на граѓаните.

На граѓаните на Македонија ова сега им е многу појасно.

СДСМ бара:

Истрага од АВМУ за финансирањето и уредувачката политика на медиумите поврзани со мрежата на Орбан во Македонија.

Европските институции да го испитаат ова прекугранично мешање во внатрешните работи на земјите од Западен Балкан.

Прекинување на странското влијание врз нашиот информативен простор.

Македонија заслужува слободни медиуми и демократска влада која работи за граѓаните, а не за странски авторитарни центри на моќ.

Време е да се стави крај на овој модел на манипулации.

Затоа СДСМ сака европска Македонија!

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршнит одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер