КултураСДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си разменија обвинувања за доцнењето на платите во културатаОпозициската СДСМ побара оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради неисплата на мартовската плата на културните работници. Од партијата велат извинувањето на Љутков не е доволно, Владата намерно ги понижува културните работници, па наместо со зголемени велат за празниците останаа без плата. „ Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“.“- СДСМ. На обвинувањата експресно одговорија од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Велат партијата која ја претвори културата во партиска каса и платформа за криминал денес глуми загриженост, обвинуваат дека СДСМ нема кредибилитет за зборува за достоинството на културните работници. Извинувањето според ВМРО ДПМНЕ кое го направил Љутков било коректен гест кој јасно ја покажувал разликата во пристапот. -За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос.-ВМРО ДПМНЕ. Вчера министерот Љутков преку социјалните мрежи им се извини на сите вработени во културата, а причина за доценњето на платите рече дека бил доглогодишен нерешен проблем со усголасувањето на платите што според него секоја година создавало огромни проблеми. -Ве уверувам дека оваа постпка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во идинина – напиша Љутков и најави дека по празниците вработените ќе ги добијат своите плати. Тагови: ВМРО-ДПМНЕ СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДа бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии. Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години. Потребни сер 6.000 евра. Сите кои се во можност можат да донираат на: 143 482 за корисници на А1. 143 109 за корисници на Телеком. Халк Банка: 270 700 122 675 849 Примач: Марко Џолевски НЛБ Банка: 210 501 786 673 895 Примач: Марко Џолевски. Тагови: хуманитарна акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01