СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со речиси половина од имињата на кандидатите за градоначалници на локалните избори - Канал 5

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со речиси половина од имињата на кандидатите за градоначалници на локалните избори

Двете најголеми партии финишираат со објавувањето на кандидатите со кои ќе истрачаат на локалните избори наесен. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе објавија скоро половина од канидатите. 

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со речиси половина од имињата на кандидатите за градоначалници на локалните избори

СДСМ ќе ги докомплетира во наредните две недели, а владеачката партија се очекува утре да ги заокружи сите кандидатури, а ќе биде познати и името на канидатот кој ќе ја бараат довербата од скопјани. Досега во јавноста најспоменувани се имињата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Георгиевски и минситерот за локална самоуправа Златко Перински.

„Без разлика кој и да биде кандидат за градоначалник на Скопје, повторно кажувам ја има мојата целосна поддршка, а моето темпо на работа ќе си продолжи исто како и до сега“-– Златко Перински, министер за Локална самоуправа.

Освен утврдување на кандидатите и во македонскиот во албанскиот блок се случуваат преизборни прегрупирња. По излегувањето на Партијата на пензионери и ДОМ од коалиција со СДСМ и Алијансата на Таравари од ВРЕДИ со партиите на Ахмети и Села, аналитичарот Петар Арсовски вели дека се можни и нови прегрупирања на политичката сцена пред локалните. Најжестоката битка според него ќе се води во албанските општините, а освен за градот Скопје интересна ќе биде трката и во неколку други општини.

„Можни се секако нови прегрупирања и во македонскиот но и во албанскиот блок, каде не е јасно која ќе биде формата на заедничката соработка помеѓу ДУИ, Алијансата на Таравари и Алиајнсата на Села. Секако на советничките листи спојувањето на партиите во предизборни коалиции ќе им донесе бенефит. Што повеќе партии се во предизборна коалиција толку се поголеми шансите да се избере градоначалник. Најголемите битки ќе се случуваат во албанскиот блок бидејќи таму е најразгорена борбата. Вистинската борба очекувам да се случува во Чаир, Тетово и Гостивар. Во македонскиот блок не очекувам драматични пресврти, но интересни општини се Скопје, Центар, Карпош Струмуца“– Петар Арсовски, политички аналитичар .

Во албанскиот капус засега нема официјализирани имиња на кадидати. Од ВРЕДИ велат тие ќе бират познати до крајот на месецот, додека Ахмети, Села и Таравари веќе договориле поделба на општините и неофицијално ДУИ ќе предложи канидидати за 10 општини, Алијансата на Таравраи во четири, а крилото на Села во три општини. Имињата се очекува насокро да бидат објавени. Изборите кои ќе се одржат наесен ќе бидат осми локални избори од осамостојувањето, а како можни датуми веќе се споменуваат 19 или 26 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи

Позициите Скопје и Софија и по тет а тет средбата Муцунски-  Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит за коридор 8 - остануваат непроменти...

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи

Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, вклучително и уставни измени, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања.

Според Муцунски иако позициите и по оваа средба останале непроменети, таа минала во позитивен дух а дијалогот како што изјави ќе продолжи.

-Најдобриот начин за довербата е исполнување на преземените обврски, изјави Петрова Чамова.

Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Марта Кос.

Разговарале и околу билатералниот спор но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во овој процес, изјави Муцунски...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Американските и украинските делегации денес во Мајами започнуваат дводневни разговори за нови предлози за ставање крај на војната во Украина, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и украински официјални лица. 

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Една од темите треба да биде можноста за делумен прекин на огнот, кој би опфатил напади врз енергетската инфраструктура и испораките на жито. Исто така, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина, како и за планот за економско закрепнување на земјата по војната.

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да најде формула што би ја прекинала повеќемесечната блокада во преговорите пред почетокот на зимата и пред американските избори на средината на мандатот.

„Сите се загрижени поради зимата. Ќе биде тешка зима доколку војната не запре. Затоа САД се обидуваат да посредуваат меѓу страните со цел да се создаде заеднички предлог“, изјави американски извор за „Аксиос“.

Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера се сретнаа со претседателот за да го претстават најновиот предлог на САД и да добијат насоки од него пред разговорите во Мајами.

Во преговорите ќе учествуваат високи украински претставници, а САД упатија покани и до советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и Германија, како и до претставници на НАТО и на Европската Унија.

Володимир Зеленски вчера потврди дека Киев со Вашингтон разговара за можноста за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и врз пратките со жито.

„Сè уште не сум подготвен да кажам што би можело да биде реално или пореално. Не сакам да кажам нешто, а Русија – како и секогаш – од инает да го направи спротивното. Затоа, да почекаме“, рече Зеленски.

Според „Аксиос“ (Axios), Украина е подготвена да разгледа таков ограничен прекин на огнот, додека Русија досега покажала мал интерес за предлогот. Виткоф и Кушнер би можеле повторно да заминат во Москва „Аксиос“ исто така пренесува дека Виткоф и Кушнер можеби повторно ќе отпатуваат во Москва подоцна овој месец на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата ја посетија Москва и Киев на почетокот на септември и оттогаш работат со двете страни на изменет американски мировен предлог.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опиша војната како состојба на пат-позиција, наведувајќи дека Вашингтон сака да спречи понатамошна ескалација и да се обиде да најде пат кон завршување на конфликтот. И покрај новата дипломатска иницијатива, во моментов нема знаци дека се решени главните отворени прашања меѓу Москва и Киев, особено оние што се однесуваат на територијата и на долгорочните безбедносни гаранции за Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Според Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер