СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош - Канал 5

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош.

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски.

Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита.

Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прват. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата.

Ова е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. 

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти.

На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино.

Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето.

На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите.

Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато.

Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата.

За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер