МакедонијаСДСМ: Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на МицкоскиМицкоски е целосен дилетант и во политиката и во економијата.Целиот свет и цела Европа се подготвуваат за нови економски удари и криза. Сите воведоа пакети мерки за заштита на граѓаните. Само Мицкоски и неговата влада не реагираа. СДСМ веќе два месеци бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата зеде само делче од нашиот пакет, но без целосна промена ништо не може да се спречи. Цените отидоа до плафон. Во мај нè очекува ново дивеење на цените, вистинскиот почеток на кризата за која Европа се подготвува. Доаѓа сезона на годишни одмори, граѓаните ќе се задолжуваат уште повеќе. Есента и зимата ќе ги дочекаат со празни фрижидери. Наместо економија, ВМРО-OKГ нуди само медиумска пропаганда. Потрошувачката кошница од почетокот на кризата поскапе за 3.500 денари. Мицкоски не ја зголеми минималната плата. Човекот со часовник од 65.000 евра не знае како живее народот во Македонија, особено на село и како се снаоѓаат земјоделците. Нема субвенции за земјоделство, ИПАРД е блокиран поради кражбите на криминална група ВМРО. Сè ќе поскапи уште повеќе поради гориво, ѓубрива и останати трошоци. Нè чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМечка уби маж во САДЕден маж беше убиен во напад на мечка завчера во Кристал, Ново Мексико.Полицискиот оддел на народот Навахо потврди дека нивните службеници од округот Виндоу Рок добиле пријава за нападот околу 13 часот, пишува „The Guardian“. Службениците ја застрелале мечката, која избегала во блиската шума. Полицијата подоцна известила дека го пронашле и убиле животното. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ова тешко време“, објави полицијата на народот Навахо на Фејсбук. Полицијата во резерватот додаде дека истражителите и службениците за заштита на дивите животни, исто така, излегле на терен. Идентитетот на жртвата и видот на мечката не се објавени. Полицијата апелираше до граѓаните да се држат настрана од потенцијално опасни диви животни. „Ако забележите мечка, ве молиме јавете се во најблиската полициска станица“, рекоа тие. Според официјалните податоци, ова е првиот фатален напад на мечка во Ново Мексико од 2001 година. Како што објави Асошиејтед Прес, нападот од 2001 година беше првиот таков напад во државата за сто години. Потоа почина Аделија Трухиљо, убиена во нејзината куќа од машка мечка тешка околу 115 килограми. Еден од неодамнешните напади се случил во 2020 година во Лос Аламос, исто така во Ново Мексико. Мечката им се приближила на 37-годишната жена и нејзиниот сопруг додека седеле на терасата од планинската куќа. Таа им се приближила на помалку од половина метар, потоа почнала да ја брка жената и ја нападнала на паркингот. Нападите од мечки се ретки Според извештајот на властите во тоа време, таа претрпела „повеќекратни фрактури, колабирани бели дробови и повреди од каснувања и гребнатини“. KRQE објави дека жената го преживеала нападот, а властите подоцна ја еутанизирале мечката. Фаталните напади од мечки во Северна Америка се многу ретки и се евидентираат само неколку случаи секоја година. Податоците од Северноамериканскиот центар за мечки покажуваат дека едно лице има 60.000 пати поголема веројатност да биде убиено од друг човек отколку од црна мечка. Според статистиката на Националната служба за паркови, ризикот од повреда од мечка е еден на 2,1 милиони. Извор: Индекс.хрТагови: мечка САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска трескаОпштина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА: Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци. АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ! Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години ЕБР – „секогаш и секаде“ЕБР одбележа 25 години постоење.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата. Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата. Тагови: ЕБР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter