СДСМ: Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, глас со кој нема да се дозволи враќање на режимот во најава кој работниците ги сметаше за евтина работна сила.

СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија.

Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори.

СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места.

Со социјален дијалог ги решава предизвиците и го слуша гласот на работниците.

За наредниот мандат СДСМ гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра.

Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Чешката полиција обвини 14 лица за шверц на луѓе од Турција

Чешката полиција соопшти дека обвинила 14 лица за шверц на најмалку 2.000 луѓе во Европа, главно од Турција од 2021 година.

Тие се во притвор и ќе се соочат со 16 години затвор доколку бидат осудени, изјави Јарослав Ибехеј, портпарол на одредот за организиран криминал, на веб-страницата на чешката полиција.

„Полицијата проценува дека групата заработила најмалку два милиони евра од нивните активности“, додаде тој.

Групата ги носела мигрантите во Чешка и други земји од Европската унија. Ибехеј рече дека полицијата запленила околу 40.000 долари во готовина, два автомобили и една куќа. /МИА

Руски физичар осуден на 14 години затвор поради предавство

Руски физичар Анатолиј Маслов, кој работеше на развој на суперсонични проектили, денеска од судот во Санкт Петербург е осуден 14 години затвор во казнена колонија за предавство.

Судењето се одвиваше зад затворени врати, а 77-годишниот Маслов изјави дека е невин. Неговата одбрана ги известила властите дека Маслов на почетокот на годината доживеал срцев удар и оти долгогодишната затворска казна за него ќе значи смртна казна.

Тој е еден од тројцата научници и експерти за хиперсонична брзина од Сибирскиот институт, кои се уапсени во 2022 година под обвинение за предавство.

Адвокатот Евгениј Смирнов изјави дека обвиненијата против тројцата научници од Институтот за теоретска и применета механика (ИТАМ) во Новосибирск се речиси исти, а тие се обвинети дека објавиле информации кои се сметаат за државна тајна на меѓународна конференција.

Според Смирнов пресуда против Маслов е прекршување на законот.

Во отвореното писмо колегите на тројцата научници од ИТАМ пишуваат дека податоците презентирани од научниците на меѓународни форуми биле постојано проверувани за да се осигури дека не содржат доверливи информации.

Тие исто така предупредија дека ваквите случаи имаат застрашувачки ефект врз младите руски научници.

- Сега најдобрите студенти ги одбиваат понудите да се приклучат на научната заедница и да дојдат да работа со нас, а нашите најдобри млади вработени ја напуштаат науката, се предупредува во писмото.

Фото: themoscowtimes

Студентите од Јејл ја напуштија церемонијата за доделување на дипломи поради војната во Газа

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце.

Дипломци од Универзитетот Јеил ја напуштија церемонијата на доделување на дипломи во знак на протест поради израелската војна во Појасот Газа, финансиските врски на Универзитетот со производителите на оружје и одговорот на институцијата на пропалестинските демонстрации во кампусот.

Студентите почнаа да излегуваат откако претседателот на универзитетот Питер Саловеј го започна својот говор, носејќи плакати на кои пишуваше „Книги, а не бомби“, како и „Отфрлете ги обвиненијата“ и „Заштитете ја слободата на говорот“, алудираќи на 45-те уапсени студенти во полициската акција во кампусот минатиот месец.

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце./МИА

притисни ентер