МакедонијаСДСМ: Ѓорѓиевски се крие од граѓаните, и самиот не верува дека од Вардариште ќе направи паркКандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатот за градоначалник за Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски вечерва дадоа поддршка на граѓаните кои протестираа против загадувањето од Вардариште.Ако навистина верува во својата идеја за парк на Вардариште, зошто Орце Ѓорѓиевски кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, не дојде вечерва меѓу граѓаните и не им ја претстави својата идеја дека од депонијата ќе направи парк. Граѓаните заслужуваат одговори, а не манипулации и лаги од Орце Ѓоргиевски кои го навредуваат секого кој протестира и се бори за здрав воздух и здрава животна средина. За разлика од него, Шукова заедно со Трајановски, беа вечерва на протестот за да им дадат поддршка на граѓаните и да понудат вистински решенија. ,,Не треба да се чека да поминат изборите, треба да се делува сега, да се делува веднаш. Треба да се превземат брзи мерки како оградување на Вардариште, 24 часовен надзор за да се заштити од палење, да се истапи на терен тоа е примарно, а потоа да се разгледуваат физибилити студии-истакна Трајановски. Кандидатката за Скопје, Шукова истакна дека на контаминирана површина не може да се направи парк како што ветува Ѓоргиевски, почвата е контаминирана и треба многу време за деконтаминација. ,,Во втората фаза следува изградба на современа претоварна станица, целосна санација на локацијата и воспоставување модерен систем за управување со отпад, со постојан надзор" рече Шукова. ВМРО ДПМНЕ за четири години не направи ништо со Вардариште, градот се гуши во ѓубре и чад. Ѓоргиевски ги замајува граѓаните потценувајќи ги дека сите лаги ќе му поминат, но никако да излезе пред граѓаните и да ги поддржи. Како и неговите сопартијци, актуелните градоначалници на Аеродром и Гази Баба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook