Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит
1Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит
3Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
МакедонијаСДСМ: Ги спреми ли владата на Мицкоски документите за екстрадиција на Груевски?Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“.До каде е постапката? Ги спреми ли владата на Мицкоски документите? Дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски? Додека институциите во Македонија „прибираат документи“, други држави веќе делуваат. По најавите на Петер Маѓар дека нема повеќе заштита за криминалци во Унгарија, Полска не чекаше туку веднаш реагираше и веќе испрати официјално барање за екстрадиција на свои политичари. Само Владата предводена од новиот Ванчо Михјалов во ВМРО, Христијан Мицкоски, сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски. Ова значи дека му се купува време на Груевски и намерно се одолговлекува. Груевски нема да добие азил во Турција, но веќе преговара за други опции, како Русија и Белорусија. Во исто време Сиљановска е во Турција за спас на Мицкоски и Груевски. Овие информации отвораат сериозен ризик – Груевски повторно да избега од дофатот на правдата. Наместо итна акција, сведоци сме на опасно одолговлекување. Очигледно, Мицкоски свесно ја кочи постапката, со цел да избегне политичка одговорност и непријатност, оставајќи простор за ново бегство. Министерството за правда, Владата, институции да престанат да калкулираат и да постапат веднаш, да побараат екстрадиција на Никола Груевски за да се соочи со правдата. Време е за вистината, време е за правда и одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на КритПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење. Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем. Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на ХалкидикиТагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евраЦарински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени. Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот ГазаПретседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа.Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“. Тој додаде дека во исто време „Израел ќе ја добие безбедноста што ја заслужува, а Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади.Тагови: Доналд Трамп Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter