3Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
2Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
МакедонијаСДСМ: Филков да не го кочи реформскиот процесПосле речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава.Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби. Она што ДПМНЕ го вети како втор столб во владината програма, денес го нема. Наместо програмските ветувања, сведочиме на задоволување на лични и партиски интереси. Владата на ДПМНЕ за речиси една година не исполни апсолутно ништо од ветувањата за системски решенија. Не исполни ништо за нивната таканаречена трансформација на правосудните органи во независни, транспарентни и ефикасни субјекти. Наместо реформи и систем во функција на граѓаните државата се соочува со ретроградност и застој, исто како во времето на заробените институции. Знаеме сите дека ова не е систем, туку е чиста партиска злоупотреба. Власта и понатаму се обидува да има главна улога и влијание во правосудството и да го држи во партиски стеги. За тоа сведочи фактот дека упорно и свесно се доцни со спроведувањето на активностите од реформската агенда и секторската развојна стратегија за правосудство (2024-2027), каде што се предвидени јасни чекори, прецизни рокови и конкретни пари од ЕУ преку Планот за раст. Само за потсетување, до јуни 2025 година, согласно реформската агенда, треба да бидат донесени следниве законски измени: Закони кои ги регулираат платите на судиите, обвинителите, судската и обвинителската служба – за што ЕУ предвидува над 2 милиони евра ● Нов закон за Судски совет во кој ќе бидат инкорпорирани препораките на Оценската мисија – за кој се предвидени се над 6 милиони евра. ● измени во Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за предвидени над 4 милиони евра. итн. Овие закони не се само техничка работа – тие се суштински за градење на независно судство, за функционална демократија, за фер избори. Особен проблем е однесувањето на министерот за правда, г-дин Игор Филков, кој се чини дека тенденциозно го минира процесот. Од предвидените реформски закони, Министерството за правда, стави само 4 на ЕНЕР, а тие допрва треба да ги усвои Владата, па да достават и до Собранието. Зошто министерот Филков толку го одолговлекува реформскиот процес, иако рокот е до јуни. Конечно, и покрај свесното пролонгирање на реформскиот процес, и покрај фактот дека не ги проследува наводно изготвените законски решенија, ние согласно лидерската средба меѓу Претседателот на Владата Мицковски и Претседателот на СДСМ Филипче, сепак, остануваме максимално конструктивни и во интерес на државата, и затоа денеска ги поднесовме и архивиравме нашите коментари на единствените закони кои тој ги ставил на ЕНЕР. Ние за нив имаме сериозни забелешки но и конкретни предлози за нивно подобрување. Апелираме до министерот Филков, ако вистински се грижи за реформската агенда и тврди дека работи на ургентните законски решенија, да престане да го минира процесот и да ги достави решенијата, за кои, ја убедува јавноста дека ги изготвил. Остануваме целосно посветени на напредокот на државата. Ќе продолжиме да се бориме против сите обиди за партиски упад во правосудството и конечно, ќе ги нудиме нашите конструктивни предлози и решенија. Прес-конференција, Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на Комисијата за правда на СДСМ Скопје, 14 мај 2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСветските мориња достигнаа рекордни температури во јулиСветските мориња достигнаа рекордно високи температури во јули, делумно поттикнати од развојот на условите на Ел Нињо во Пацификот..Според службата за следење на климата на Европската унија, температурите на површината на морињата минатиот месец изнесувал 20,96 степени целзиусови, со што е соборен претходниот рекорд од пред три години со 20,89 степени. Овие мерења се однесуваат на морињата надвор од поларните региони.. Долж Атлантскиот брег и во западниот медитеран температурите на водата достигнале рекордни вредности, проследени со силни морски топлотни бранови..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаПравни дилеми околу решението на Уставен суд кој пријави судија за непочитување на судска одлука По летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлукаПо летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд, кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлука која наложила повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Уставниот суд го достави ова решение „за понатамошно постапување„ до Судскиот совет и Јавното обвинителство, притоа напоменувајќи дека конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции. Но во меѓувреме во јавноста, правната фела ја отвори дилемата дали со овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности и дали се работи за потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која е и член на Судскиот совет, со објава на социјалните мрежи, вели дека овој случај може да воспостави потенцијално загрижувачки преседан. -Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет "за понатамошно постапување", во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како "неизвршување на одлука на Уставен суд", со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок,- -Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат и член на Судски совет. Адвокатот Давидовиќ смета дека Уставниот суд во конкретниот случај прави опасен чекор кон пречекорување на како што вели неговите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган ..адвокатот Владимир Туфегџиќ посочува дека за вакви случаи потребни се едукации на судиите преку што би се воедначила судската пракса. -Анализирано низ строго формално-правна димензија) , Уставниот суд со овој потег прави опасен чекор кон пречекорување на своите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган кој дели директиви и се заканува со кривични пријави за правни сфаќања донесени во законски предвидена судска постапка,- -Звонко Давидовиќ. -Очекував во најмала рака Уставниот суд токму поради овој предмет и одлука, наместо барање кривична одговорност на судија, да укаже за потребата судовите и Академијата за судии и јавни обвинители да спроведат обука и едукација на судиите, - - Владимир Туфеѓџиќ, адвокат. Од друга страна Универзитетскиот професор Јове Кекеновски оценува дека решението на судот не треба да се толкува како одбрана на уставниот суд како институција, туку во случајот се брани Уставот, хиерархијата на правниот поредок и владеењето на правото. -Ако Уставот определил дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, тогаш тие не можат да бидат сведени на правни мислења што другите институции ќе ги почитуваат само доколку се согласуваат со нив,- - Јове Кекеновски, професор. Како што претходно појасни претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, судот за прв пат го активирал механизмот за заштита на сопствените одлуки откако судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Според Костадиновски, со непочитување на одлуките на Уставниот суд, како што изјави, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Во конкретниот случај се работи за предметот на новинарката Наташа Стојановска, по кој Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување, а се однесува на настаните во Собранието од 27 април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранителиЗвукот на химната, длабок поклон пред споменикот. Иако помина четврт век времето не ја брише болката и спомените за осумтемина македонски бранители кои трагично загинаа кај Љуботенски Бачила.Недалеку од местото каде што згаснаа нивните животи, во селото Љубанци, пред споменикот подигнат во нивна чест, свежо цвеќе положија семејствата на загинатите, граѓани и бројни државни делегации. Поминаа 25 години, но за оние што ги испратија и никогаш не ги дочекаа да се вратат дома, болката останува иста. Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, најмладиот меѓу осумтемина загинати, кобното утро го чекала синот да се врати дома, но наместо него пристигнала најстрашната вест. – Што буди оваа годишнина? Буди сè кај родителите, најмногу болка. Татко му почина, еве веќе 17 години, од болка по синот. Син ми го нема 25 години, а јас останав, како мајка, да се борам и да му оддавам почит. Толку можам. Ми се тресе душата кога зборувам за ова – вели изјави - Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, резервист на АРМ. Претседателот на Одборот на бранителите, Марин Најдов, во своето обраќање истакна дека кобниот ден никогаш нема да го заборави и дека сè уште ги памети раскажувањата на преживеаните за моментите по експлозијата. И по две и пол децении, вели, местото на трагедијата кај Љуботенски Бачила останува нем сведок на еден од најтешките настани од конфликтот во 2001 година. – Јас бев командант на Попова Шапка и ги следев сите случувања. Како што се случи и на Карпалак, одлично се сеќавам на бранителите од Прилеп, кои беа на позиции на Попова Шапка, и на нивната реакција за Љуботен. Војна е, се гине. Меѓутоа, мора да се води сметка за луѓето кои навистина се грижат за бранителите. Тоа се самите бранители, кои знаат што значи сето ова, како и родителите и роднините на бранителите. За чувството не треба ниту да се зборува – тоа се знае и не може да се избрише од потсвеста – раскажа Најдов. Најдов посочи дека заложбите на власта за подобрување на статусот на македонските бранители се позитивни, но дека секогаш има простор да се направи повеќе, особено кога станува збор за семејствата и најблиските на загинатите бранители. „Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“, наведе премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. Мицкоски порача дека и по четврт век Македонија со почит се сеќава на осумтемина бранители кои на 10 август 2001 година ги загубија животите. Почит кон загинатите одадода делегација од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова,како и владина делегација предводена од вицепремиерот Николоски и претставници на здруженија на бранители. На 10 август 2001 година, при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook