МакедонијаСДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е понижена и нема европска иднинаЕдна година по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, реалноста е болна: Македонија не е горда, Македонија е понижена.Понижени се работниците, земјоделците, младите. Наместо ветени промени, добивме стара, корумпирана власт, со луксуз за функционерите, а сиромаштија и страв за граѓаните. Економската состојба е катастрофална. Животот станува сè потежок, платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре. Парното поскапе, струјата поскапе. Народот е оставен сам, додека власта се расфрла со луксуз – приватни авиони, хотели од соништата, скапи јадења, папаја, манго. Владата лаже за економски раст, а фактите се јасни: инфлација речиси 4.5%, раст од само 2.6%. За првпат имаме полош економски резултат дури и од воената 2001 година. И сето тоа додека владата за една година ја задолжи државата со 7 милијарди евра, а сега најавува уште 700 милиони преку еврообврзница. Нема план, нема отчет, само нови долгови што ќе ги враќаат граѓаните. Во земјоделството – хаос. Наместо ветени 180 милиони евра субвенции, имаме кратење од 50 милиони. Нема субвенции за оризопроизводителите, сточарите добија намалување за 50%, а тутунарите останаа без вода. Секој ден има нов скандал, нови сомнежи за криминал, за тендерски шеми за богатење на поединци во власта. На безбедносен план, граѓаните се оставени без заштита, се штиттат само функционерите на власта и тоа од одговорност. Видовме трагедии што можеа да се спречат, а полицијата наместо да ги заштити граѓаните, се претвори во партиска војска која штири криминал во своте редови. Наместо зголемена безбедност – скандалозни набавки за униформи, фантомски тендери и програми за следење и прислушување. Тоа е реалноста денеска. Ветуваа реформи во судството – не донесоа ниту еден реформски закон. Наместо независно обвинителство, добивме судство под притисок и закани. Ветуваа рационализација, а вработуваат по партиски списоци. Ветуваа иднина, а ја срушија перспективата на младите. Наместо интеграција во ЕУ – блокада. Наместо задржување на младите – иселување. Оваа власт го урна достоинството на граѓаните. Нема горда Македонија без горди работници, без правичност и економска сигурност. Нема горди млади без иднина, нема гордост со власт која ги лаже, манипулира граѓаните а се грижи само за богатењето на функционерите. СДСМ ќе продолжи да ја зборува вистината, да се бори за граѓаните, и за враќање на достоинството, правдата и надежта. Македонија заслужува повеќе, заслужува подобро. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИОТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаАХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопственицитеИма ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици. Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во КинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“. Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина. Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција. Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со температури над просекот Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45