МакедонијаСДСМ: Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за МакедонијаГенералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е меѓу најблиските соработници на Мицкоски со бугарски пасоши односно бугарски државјанин. А тој е генерален секретар на Владата на Македонија. Според документи кои се објавени во медиуми од Бугарија, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил. Компанијата има годишен промет од околу 320.000 евра, но пријавува добивка под 10.000 евра. Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија. Додека неговите луѓе прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница поради новиот Шенгенски систем и поради немањето напредок во ЕУ интеграциите и намерната изолација на Македонија од страна на ВМРО. Организираната криминална група ВМРО има двојни аришини: За себе и своите луѓе - бизнис во Бугарија, бугарски пасоши, компании со сомнителни финансиски извештаи. За граѓаните на Македонија - изолација, блокада на европскиот пат, економска криза и чекање на граница. Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација. Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаСо надзорни камери против вандалите на детските игралишта Видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите низ Општина Аеродром – најавува градоначалникот Деан Митевски. По низата случаи на вандализам и оштетување на јавниот имот, општината започнува постапка за поставување на надзорни камери. Советот на Општина Аеродром веќе даде зелено светло за старт на процедурите, а градоначалникот Митевски вели дека иако процесот е сложен, очекува до крајот на годината да биде распишан тендер за набавка на опремата. Претходно ќе се направи анализа на сите детски и спортски игралишта и паркови за да се утврди колку камери ќе бидат потребни и колкава ќе биде вредноста на проектот. Особено внимание, како што посочува Митевски, ќе се посвети на почитувањето на одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока кажа дека веќе биле остварени и работни средби со претставници на надлежните институции.. -Ова е една коплексна постапка имајки ги предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци, па мораме да бидеме многу внимателни, меѓутоа се одлучивме да ја спроведеме без оглед на комплексноста, бидејки како општина навистина трошиме многу средства за одржување на детските и спортските игралишта, најчесто поради уништување од страна на вандали. Лица од општина Аеродром остварија средба со претставници од Агенцијата за заштита на лични податоци и добивме напатствија од нивна страна како треба да ја спроведеме постапката за да можеме на крај да ги испочитуваме одредбите од Законот и тоа да биде фукционално. - Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром Последниот случај на вандализам беше регистриран пред 2 дена во Кисела Вода, каде непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на детско игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, правејќи го просторот неупотреблив и небезбеден за користење. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска најави дека општината ќе ја разгледува можноста за поставување видеонадзор и на детските игралишта и другите јавни површини. Пред еден месец ваква најава имаше и од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. И тој посочи дека станува збор за сложена постапка, но дека, со целосно почитување на законските процедури, снимките од видеонадзорот би можеле да се користат како доказ во кривични или прекршочни постапки, но исклучиво по налог на надлежните институции. Меѓу првите општини со ваква идеја пред две години беше општина Центар, но камерите до овој момент не се поставени.. Од градоначалникот Горан Герасимовски не добивме одговор до каде е постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГаличка свадба 2026 - Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаиВо раскошни мијачки носии и според обичаите кои со генерации се пренесуваат, Александар Пендароски и Мартина Михајлова ја крунисаа својата љубов, станувајќи дел од вековната приказна на Галичката свадба. Но, нивната свадба годинава не е само продолжение на традицијата, таа е и продолжение на посебна семејна приказна. Пред точно 35 години, на првата современа Галичка свадба, судбоносното „да“ го кажале и родителите на младоженецот. Денес, истата чест му припадна и нему, правејќи ја оваа свадба единствена по својата симболика. Тесните галички сокаци беа исполнети со бројни посетители, домашни и странски, кои имаа можност да бидат дел од овој посебен ден. Атмосферата и чувството да се присуствува на Галичката свадба го опишаа како незаборавно и прекрасно искуство. Главните свадбарски обичаи започнаа уште во раните утрински часови. Според вековната традиција, меѓу обичаите се бричењето на зетот, гледањето низ прстен, но и одењето по вода од трите галички чешми. Откако невестата ја напушта родната куќа, свадбената поворка, придружена од звуците на зурлите и тапаните, минува низ преполните галички сокаци.. Младенците судбоносното „да“ го кажаа во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, а веселбата продолжи со изведба на мијачки песни и традиционална музика, со кои и годинава беше заокружена една од најпрепознатливите македонски традиции. Токму еден од највпечатливите моменти е изведбата на традиционалните македонски ора по венчавањето. Младенците се закитија и со бројни дарови, меѓу кои и пафта со мотив од Галичник од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова... Галичката свадба се одржува секое лето и претставува една од најзначајните културни манифестации во земјава, која повеќе од шест децении го зачувува автентичниот свадбениот обред, песните, ората и носиите на Мијаците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзборниот законик и европската перспектива во фокус на партиските обвинувањаПо вчерашните прозивки на премиерот Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ Венко Филипче, партиските штабови и денеска продолжија со меѓусебни обвинувања за Изборниот законик и европскиот пат. На три дена до истек на крајниот рок од исполнување на реформската агенда, од владејачката партија ја повторија нивната позиција дека опозицијата треба да пресече што побрзо и да постигнат договор за нов изборен законик за да се заокружи списокот на обврски. Велат условот за дијаспората останува ист, во спротивно доколку останат старите изборни правила, од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека одговорноста нема да е нивна. -Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ. - Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Од опозициската СДСМ пак им забележуваат дека целосно кренале раце од евроинтеграциите на Македонија. Потврда за тоа биле изјавите на премиерот Мицкоски, за кој од партијата на Филипче велат дека бара изговори и алиби за неуспех во испорака на вистински реформи. -Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. - Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ Дали ќе има договор до среда за Изборниот законик најверојатно ќе се знае утре по понеделничката собраниска координација на партиите. Од Левица најавија дека утре ќе се состанат со останатите опозициска партии за да ги усогласат ставовите за Изборниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook