СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта - Канал 5

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски - човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт.

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски.

Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата.

Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување.

Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор - носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните.

Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски.

Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија.

Ова не е минато.

Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ.

Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно.

Имотот на Груевски во Македонија е само ситница.

Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда.

Народот не заборава. И не простува.

Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што сними НАСА на Марс?

НАСА отсекогаш тврдела дека не постојат сигурни докази за вонземски живот, но неодамна повторно објавената фотографија од Марс повторно разгори шпекулации.

Што сними НАСА на Марс?

Фотографијата е направена од роверот Curiosity во 2024 година. На неа се гледа карпест рид, далечни врвови и мистериозен црн објект кој изгледа како да лебди над хоризонтот на Марс.

Кјуриозити 14 години истражува дали Марс некогаш можел да поддржува микробиолошки живот. Сепак, токму оваа необјаснета форма на небото привлече внимание откако корисникот на X Кари Сиверцен повторно го објави во средата.

Објавата брзо поттикна теории дека објектот може да биде доказ за вонземска активност на Црвената планета.

Меѓутоа, една рамка не дава докази дека се работи за авион, па дури и за физички објект. Не можеше ниту хеликоптерот Ингенуити на НАСА, кој тогаш не беше во функција на околу 3.700 километри, во кратерот Џезеро.

Повеќе прозаични објаснувања вклучуваат прашина, артефакт на камерата или космички зрак што удира во сензорот на роверот.

Сликата е направена во кратерот Гејл, на долните падини на планината Шарп. Роверот минувал по карпест терен во близина на гребенот Гедиз Валис, древна формација како канал за која научниците веруваат дека била обликувана од вода, лизгање на земјиштето или и двете. Curiosity се движеше југозападно кон гребенот кога фотографијата беше направена на 10 април 2024 година.

На посебна фотографија на Curiosity од овој месец, во далечината е забележан уште еден чуден предмет, кој некои го споредуваат со суштество или механички уред како медуза.

НАСА и Белата куќа продолжуваат да инсистираат дека никогаш не се пронајдени знаци на интелигентен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдињо слета во Италија за да го заврши спектакуларниот трансфер (ВИДЕО)

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања. 

Роналдињо слета во Италија за да го заврши спектакуларниот трансфер (ВИДЕО)

Тој слета со приватен лет од Милано во 11:50 часот на аеродромот Ридолфи во Форли, а потоа се упати кон Равена со својот тим, пишува goal.com. На аеродромот го пречекаа претставници на клубот и околу триесет навивачи. Бразилецот накратко застана за да се фотографира со публиката и да даде автограми.

Презентација на плажа пред илјадници луѓе

Официјалното претставување на Роналдињо како нов играч на Равена ќе се одржи вечерва во Марина ди Равена. Настанот е најавен за периодот од 20:30 до 22:00 часот на плажата во близина на јужниот бранобран, а организаторите очекуваат помеѓу пет и шест илјади посетители. Роналдињо ќе остане во Ромања утре, кога е закажано да го посети клубот Спејс во Ричионе.

Гол: Последен гол во кариерата

Клубот го објави доаѓањето на бразилската ѕвезда на 23 јуни, заедно со порака за амбициите на проектот. „Роналдињо потпишува за Равена и станува играч на клубот Равена ФК од Чипријани. Ова е еден од најзначајните трансфери во историјата на клубот и момент што ќе ја стави Равена во фокусот на светскиот фудбал.

Овој трансфер е повеќе од симболичен; Роналдињо си постави јасна цел - сака да го постигне својот последен професионален гол во дресот на Равена. Ова ќе додаде многу лично поглавје во една од најпознатите кариери во фудбалската историја. Неговото доаѓање испраќа јасна порака: Равена гради сериозен проект, а италијанската фудбалска култура добива нова основа. Така започнува најфасцинантното поглавје во историјата на клубот, а тоа е само почетокот.“

Роналдињо стана ко-сопственик на клубот

Односот на Роналдињо со Равена нема да биде ограничен само на враќање на теренот. Легендарниот Бразилец ќе стане и ко-сопственик на италијанскиот тим од третата лига, потврди претседателот на клубот Игнацио Чипријани. Точниот процент од уделот што ќе му припаѓа на 46-годишниот освојувач на Златната топка сè уште не е објавен.

Италијанските медиуми објавуваат дека Роналдињо влегува во клубот како полноправен партнер, а не само како амбасадор или лице на проектот. Од 2024 година, Равена е под контрола на Чипријани и инвестицискиот фонд „Блек Дак“, кои имаат големи амбиции со клубот.

Доаѓањето на Роналдињо веќе донесе огромно меѓународно внимание кон Равена, а Чипријани сака да го искористи својот глобален статус за понатамошен развој на клубот и брендот. Равена се натпреварува во Серија Ц оваа сезона, додека Чипријани јавно зборува за долгорочната цел да стигне до Серија А, а плановите вклучуваат модернизација на инфраструктурата и нов стадион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

Утре минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени, соопштуваат од УХМР.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 32 Претор, 33 Берово, 34 Крива Паланка, Охрид, 35 Прилеп, Битола, 36 Струмица, Виница, Тетово, 37 Штип, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер